Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Локално

Крива Паланка свечено ќе го одбележи Богојавление – Водици со богата духовна и празнична програма

13.01.2026 15:44
Сподели

Во понеделник, 19 јануари 2026 година, Крива Паланка ќе биде домаќин на традиционалното и свечено одбележување на големиот христијански празник Богојавление – Водици, еден од најзначајните денови во православниот календар.

Одбележувањето ќе започне со Света Божествена Литургија во Соборниот храм „Св. Великомаченик Димитриј“, по што ќе следува црковна поворка до Кејот на Крива Река. Таму ќе се изврши осветување на водите и традиционалното фрлање на Светиот Крст, чин кој го симболизира Христовото крштевање и духовното прочистување.

По завршувањето на верскиот обред, празнувањето ќе продолжи на Градскиот плоштад, каде ќе се одржи празнична манифестација во рамки на „Пифтијада 2026“. Посетителите ќе имаат можност да вкусат над 4.000 традиционално подготвени пивтии, како и скара, греано вино, топол чај и греана ракија.

Банер Банер BrandEcho

За музичката атмосфера ќе се погрижат Ленче Кукиќ и нејзиниот бенд, кои ќе настапат со богата програма во духот на македонската традиција и празничното расположение.

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, истакна дека празникот Водици претставува силен симбол на верата, заедништвото и вековната традиција.

„Богојавление – Водици е празник што нè обединува и нè потсетува на нашите духовни и културни вредности. И оваа година, Општина Крива Паланка создава услови празникот да се одбележи достоинствено и масовно, во духот на нашите обичаи“, изјави Митовски.

Најсреќниот учесник кој ќе го извлече Светиот Крст ќе биде свечено прогласен и награден, во согласност со долгогодишната традиција.

Општина Крива Паланка ги повикува сите граѓани, верници и гости од земјата и странство да присуствуваат и заеднички да го одбележат празникот во духот на христијанската вера, македонската традиција и заедништвото.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
NEW
Планирани прекини на електрична енергија
Приказ на планирани и непланирани прекини на електрична енергија
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Општина Карпош објави оглас за финансиска поддршка на проекти од областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2025 година

Започна редовната есенска дератизација во Општина Карпош

6 ноември: „Музичка разгледница“- Концерт на ООМУ „В. Карајанов“ за одбележување на 7 Ноември

„Волшепства од детски чувства“- Промоција на книга од Јадранка Клисарова што ги учи децата да ги препознаат своите емоции

Поради нов водоводен приклучок дел од Општина Карпош денеска без вода

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Локално

Голема новогодишна забава – со музика, но без огномет

Земјотрес од 2 степена по Рихтер регистриран во Скопје

Локално

(ФОТО) Малешевијата во бело руво

Локално

Кочани: Регионална конференција за борба против шумските пожари

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?