Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

„Росавијација“: Авионот на „Азербејџан ерлајнс“ ја промени рутата поради густа магла и закана од украинските дронови

27.12.2024 19:15
Сподели

Москва, 27 декември 2024 (МИА) – Руската Федерална агенција за воздушен транспорт (Росавијација) денеска соопшти дека авионот на „Азербејџан ерлајнс“ што пред два дена се урна во Казахстан, ја сменил рутата и не слетал во главниот град на Чеченија, Грозни.

Според „Росавијација“ капетанот ја сменил рутата на авионот поради густата магла и воздушната тревога издадена во Чеченија поради нападот со украински беспилотни летала. Агенцијата тврди и дека на капетанот му биле понудени и други аеродроми за слетување, но тој го избрал Актау во Казахстан.

„Росавијација“ на денот на несреќата соопшти дека авионот имал два обида за слетување во Грозни додека украинските дронови ја напаѓаа чеченската престолнина.

Банер Банер BrandEcho

– Во тоа време украинските воени беспилотни летала извршуваа терористички напади врз цивилната инфраструктура на градовите Грозни и Владикавказ, објави началникот на „Росавијација“, Дмитриј Јадров на Телеграм.

„Росавијација“ истакна дека ќе соработува со казахстанските и азербејџанските истражители.

Ad image

Неименувани претставници на Владата на Азербејџан вчера изјавија дека патничкиот авион на „Азербејџан ерлајнс“ бил погоден од руска ракета земја-воздух. Руската ракета била истрелана поради дроновите над главниот град на Чеченија, Грозни, а шрапнели ги погодиле патниците и екипажот, што експлодирале покрај авионот.

Тие исто така тврдат дека на оштетениот авион не му било дозволено да слета на ниту еден руски аеродром, иако пилотите побарале итно слетување. Пилотите добиле наредба да го прелетаат Касписко Море и да слетаат во Актау.

Податоците од ГПС навигациските системи на авионот биле попречувани за време на целиот лет над Касписко Море.

При уривањето на авионот на „Азербејџан ерлајнс“ загинаа 37 луѓе, а 29 преживеаја. Помеѓу жртвите има и руски, како и државјани од соседните земји.

Од Марина Илиевска/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Радио станици
Слушајте радио станици од Македонија и Светот.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Зеленски: Во руски напад врз Полтава, во централна Украина, загинаа 41 лице

Данска одбива да го активира членот 4 од НАТО по инцидентот со дронови

Во Англија и во Велс регистрирана највисока стапка на самоубиства во изминатите две децении

Турција ја претстави својата прва противвоздушна одбрана

Ердоган в четврток ќе ја отвори големата џамија во Тирана, со неа ќе раководи турски имам

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Свет

Австрија забранува хиџаб за девојчиња под 14 години во училиштата

Свет

Колку е кревок американскиот здравствен систем?

Европа значително го зголеми увозот на оружје во изминатите четири години

Свет

Трагедија во Бразил: Деветгодишно дете ја убило мајка си по расправија

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?