Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Балкан

Ердоган в четврток ќе ја отвори големата џамија во Тирана, со неа ќе раководи турски имам

09.10.2024 08:33
Сподели

Тирана, 8 октомври 2024 (МИА) – Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, во рамки на мини балканската турнеја, в четврток ќе престојува во Албанија, каде што свечено ќе ја отвори големата џамија во центарот на Тирана.

Како што јавија албанските медиуми, покрај средбата со албанскиот премир Еди Рама, Ердоган ќе ја отвори џамијата  „Намазѓа“, за чија изградба најголем придонес има токму неговата земја.

Турскиот претседател присуствуваше и на церемонијата на започнувањето на изградбата во 2015 година, нарекувајќи ја „единствениот симбол на братството меѓу нашите две нации“.

Банер Банер BrandEcho

Овој верски објект веќе подолго време е завршен, но турската Влада до сега не прифаќаше да ја предаде поради „конфликтите“ на турските владини претставници со претставниците на Муслиманската верска заедница во Албанија, обвинувајќи дека дел од имамите и раководството се поврзани со организацијата „Фето“.

Министерството за верски прашања во Турција за имам на џамијата го назначи Енес Бастур.

„Со инструкции на нашата Управа за верски прашања, бев распореден во големото светилиште на централната џамија Намазѓа во Тирана“, објави Бастур на социјалните мрежи.

Џамијата архитектонски е слична на оние во Истанбул, ќе може да прими повеќе од 5.000 луѓе во исто време. Во објектот има библиотека, културен центар и конференциска сала. Освен што на ова место ќе може да се изучува Куранот, ќе може да се учи и турскиот јазик. За нејзината изградба Турција инвестирала околу 30 милиони долари и се смета за најголема џамија на Балканот.

Од Вера Тодоровска, Тирана Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Колку вода треба да пиеш?
Калкулатор за количината на вода што треба да ја конзумираш.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Вучиќ: Не ми паѓа на памет да се среќавам со оние кои сакаат лошо за Србија

ИНСТАТ: Продолжува падот на бројот на население во Албанија

Франција стави вето на напредокот на Црна Гора во преговорите со ЕУ

Германија ја оцени ситуацијата во Србија како „загрижувачка“, Белград ги отфрла обвинувањата

Крај на соработката? Како инцидентите можат да влијаат на турските инвестиции во Црна Гора

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Балкан

Корепер го одобри стартот на преговорите за членство на Албанија во ЕУ по кластери

Балкан

Грција се соочува со масовно затворање на училишта поради демографскиот пад

Балкан

Балканот во 2024 година

Балкан

Котор на прагот на нова ера: Аква-парк и комерцијален комплекс на 20.000 квадратни метри

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?