11 октомври е еден од најважните датуми во македонската историја. Сепак, односнот на институциите кон оние кои имаат најголема заслуга за славењето на овој празник се чини дека не е најдобар.
Доказ за тоа се бројните партизански споменици кои полека, но сигурно пропаѓаат исто како и партизанските гробишта во Тетово.
Извесен Трпе Трпески на својот Фејсбук профил објави пост токму за овие гробишта.
Состојбата е ужасна. Луѓето кои го дале животот за слободна Македонија, најмалку што заслужуваат е достојни почивалишта.