Тренд на зголемување на максималната дозволена брзина на автопатите се шири низ Европа, отворајќи прашања за усогласеноста со климатските политики и намалувањето на штетните емисии.
Додека најниските лимити остануваат во Норвешка и Кипар со 100 km/h, повеќето европски земји, вклучително и Србија, имаат поставено ограничување од 130 km/h. Германија е исклучок со делници без ограничување, иако се препорачува возење до 130 km/h.
Но, во 2025 година веќе се забележани значајни промени. Во Чешка, на делницата меѓу Табор и Чешке Будејовице, дозволената брзина веќе е зголемена на 150 km/h, а планирано е ова проширување да опфати и други делници. Слично, Австрија се подготвува за воведување на истата брзина, по договорот меѓу партиите ФПО и ОВП.
Италија исто така размислува за зголемување на лимитот на 150 km/h, но само на делници со три коловозни ленти, додека Шпанија веќе воведе условно зголемување на автопатот AP-7 – дозволената брзина е 150 km/h во одредени временски интервали, зависно од сообраќајот и временските услови.
Овој тренд оди спротивно на европската политика за намалување на емисиите. Од една страна, Европската Унија ги казнува автомобилските производители со 95 евра за секој грам CO₂ над дозволеното ниво, додека од друга страна, некои земји ги олеснуваат ограничувањата за брзина.
Зголемувањето на брзината од 120 на 150 km/h може да доведе до 25% повисока потрошувачка на гориво, поради аеродинамичкиот отпор што се зголемува со квадратот на брзината – во овој случај дури за 56%.


