Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

САД извршија прв директен напад на копно врз Венецуела: Каракас бомбардиран од воздух

03.01.2026 08:45
Сподели

Жителите на венецуелската престолнина Каракас во раните утрински часови во саботата пријавиле силни детонации и ниско прелетување на воени летала, јавуваат меѓународните агенции повикувајќи се на очевидци.

Според достапните информации, јужните делови на градот, во близина на една од главните воени бази, останале без електрична енергија, што дополнително ја зголемило загриженоста кај населението. Засега нема официјална потврда за причините за настаните, ниту информации за евентуални жртви или материјална штета.

Ситуацијата се случува во период на зголемени тензии меѓу Венецуела и САД. Американскиот претседател Доналд Трамп во изминатите месеци повеќепати најавуваше можност за воени удари врз цели на венецуелска територија, што во Каракас се доживува како директна закана.

Банер Банер BrandEcho

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро во однапред снимено интервју, емитувано во четвртокот, изјави дека Вашингтон се обидува да предизвика промена на власта во Венецуела со цел да обезбеди пристап до огромните нафтени резерви на земјата. Тој тврди дека сегашната американска воена кампања е дел од поширока стратегија за дестабилизација.

Администрацијата на Трамп, пак, со години го нарекува Мадуро „нелегитимен лидер“ и го обвинува за поврзаност со трговија со дрога. Венецуелскиот претседател ги отфрла овие обвинувања и останува цврсто на власт, и покрај тоа што независни набљудувачи оценија дека тој ги загубил претседателските избори во 2024 година.

Ad image

Настаните во Каракас дополнително ја продлабочуваат неизвесноста околу идниот развој на кризата и отвораат прашања дали регионот се соочува со нова фаза на отворена конфронтација.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Спортски типови
Предлог викенд типови.
Спорт
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Зеленски пристигна во Дубровник каде ќе учествува на самитот Украина – Југоисточна Европа

Во Судан од колера во септември починаа најмалку 430 лица

Трамп: Тајван треба да им плаќа на САД за одбраната

Уругвај влегува во Транспацифичкото партнерство: Нови можности за економски раст

Си со порака до Путин: Кина и Русија секогаш одат „рака под рака“

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Свет

Песков: Изјавата на Зеленски дека е подготвен да преговара со Русија се „празни зборови“

Свет

Индија потпиша договор со Франција за купување 26 ловци „Рафал“

Путин во Кина: Специјален подарок за Пекинг

Свет

Уапсено десеттото лице вмешано во терористичкиот напад на Крокус Сити Хол кај Москва

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?