Париз, 14 август 2024 (МИА) – Фудбалерот на Манчестер јунајтед Џејдон Санчо сака да се пресели во Пари Сен-Жермен, пренесува „RMC Sport“.
Парискиот клуб продолжува да бара замена за Килијан Мбапе, кој замина во Реал Мадрид.
Веќе се водени првите преговори меѓу клубовите, но страните се далеку од договор за трансферот. Манчестер го цени 24-годишниот Англичанец на не помалку од 60 милиони евра.
Втората половина од минатата сезона Санчо ја мина во Борусија Дортмунд. На 21 натпревар за бундеслигашот, Англичанецот постигна три гола и имаше исто толку асистенции.
Од Зоран Стерјовски Извор МИА