Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Балкан

Санкциите на САД за Нафтената индустрија на Србија повторно одложени

Сподели

Американската администрација по шести пат одложи примената на санкциите против Нафтената индустрија на Србија (НИС), што е дел од поширокиот пакет санкции насочени кон рускиот енергетски сектор. Ова ново одложување ќе важи до 29 септември, како што соопшти српското Министерство за енергетика во средата.

НИС поднесе ново барање до Министерството за финансии на САД за добивање на посебна лиценца, со цел да се продолжи со работа по 27 август, кога истекува рокот на претходната лиценца. Во меѓувреме, рускиот гигант „Газпром Нефт“ го намали својот удел во НИС на 44 отсто, што формално ја отстрани основата за санкции против компании со мнозински руски капитал во енергетскиот сектор.

По воведувањето на санкциите, структурата на сопственост на НИС беше делумно изменета, при што „Газпром Нефт“ го префрли својот удел од околу пет отсто на „Газпром“, компанија која не е под санкции. Оваа трансакција е дел од напорите на „Газпром Нефт“ да избегне санкции во Србија.

- Advertisement -

Српската влада го продаде НИС на „Газпром Нефт“ во 2008 година, а според податоците од Централниот депозитар за хартии од вредност, „Газпром Нефт“ и „Газпром“ заедно контролираат 56,15 отсто од компанијата, додека 29,87 отсто е во сопственост на Србија.

Директорот на јавното претпријатие „Србијагас“, Душан Бајатовиќ, изјави во вторникот дека залихите на гориво во Србија се „достатни за шест до осум месеци“ и дека „нема опасност од ценовни шокови или недостиг на нафта“. Во моментов, литар бензин од 95 октани се продава за просечно 1,51 евро, дизелот за 1,62 евра, а еврогасот за 77 евроценти.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Македонски филмови
Гледајте македонски филмови на едно место.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Вучиќ на Генералното собрание на ОН: Србија како гарант на слободата и дијалогот

САД: Нема најава за санкции против НИС во Србија

Песков за Србија во БРИКС: „ЕУ и ги завртува рацете на Србија, Белград сам да носи одлуки“

Грчко МНР: Грција го поздравува падот на режимот на Асад во Сирија

Рама бара од ЕУ под итно укинување на санкциите кон Косово и нов формат на дијалог меѓу Косово и Србија

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Балкан

Трагедија во Нови Сад: Пронајдено тело на новороденче, мајката уапсена

Балкан

Серија земјотреси во близина на Света Гора, најсилниот 4,6 степени

Балкан

Влада на Србија: Досега учество на ЕКСПО 2027 пријавиле 100 држави

Балкан

Кој ги води инвестициите во Црна Гора?

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?