Надворешна канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против 48-годишен жител на Делчево, поради сомнение дека сторил повеќе кривични дела, меѓу кои „загрозување на сигурноста“, „телесна повреда“ и „насилство врз дете“.
Според информациите, инцидентот се случил на 9 јануари 2026 година, во семејниот дом на пријавениот. Тој најпрво упатувал закани кон својата сопруга, по што физички ја нападнал. Насилниот чин се одвивал во присуство на нивната малолетна ќерка, при што кај детето биле предизвикани страв и силна вознемиреност.
По документирање на случајот, против осомничениот е поднесена соодветна кривична пријава, а надлежните институции продолжуваат со понатамошна постапка.
▶ Случајно видео
Пробај ја и оваа алатка:


