Тројца млади од Кочани уапсени – кај нив пронајдена прашкаста материја

На ден 23.09.2025, околу 15:40 часот, на наплатната рампа Миладиновци, полициските службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје спровеле акција во која привеле три лица од Кочани. Лицата идентификувани како А.С., Н.З. и М.А. се наоѓале во патничко возило “поло” со кочански регистарски ознаки.

При прегледот на возилото, полицијата пронашла и одзела кафена прашкаста материја, за која се сомнева дека е дрога. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок против осомничените.

Оваа акција е дел од напорите на полицијата за борба против недозволената трговија со дрога и обезбедување на безбедноста на граѓаните.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава