Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Шпанија го казни Букинг со 413 милиони евра поради злоупотреба на својата пазарна позиција

02.08.2024 22:35
Сподели

Мадрид, 2 август 2024 (МИА) – Шпанскиот регулатор изрече парична казна од 413,2 милиони евра на дигиталната компанија за резервација на сместување Booking.com поради диктирање на условите за цените на хотелското сместување и потиснување на конкуренцијата. Од 2019 година, Booking.com го користел својот пазарен удел, во распон од 70 до 90 проценти, за да им наметнува неправедни услови за цените на хотелите, соопшти шпанскиот регулатор CNMC.

Хотелите не смеат на своите интернет страници да нудат пониски цени од оние на Букинг, утврди CNMC, а Booking.com може еднострано и без консултации да одредува попусти на нивните соби. Платформата исто така ги принудува хотелите евентуалните тужби да ги поднесуваат во судовите во Холандија, додадоа регулаторите.

Дигиталната компанија истовремено ја потиснувала конкуренцијата во секторот за резервација на сместување на интернет, утврди CNMC, според соопштението објавено во вторникот, и изрече на Booking.com две парични казни од по 206,6 милиони евра. Booking Holdings, главната компанија на Booking.com, најави жалба, нагласувајќи дека не се согласува со „исходот на истрагата на CNMC“, според зборовите на портпаролот. Компанијата смета дека спорот треба да се решава врз основа на Законот за дигитални пазари на ЕУ.

Банер Банер BrandEcho

Групата може да се жали на шпанскиот виш суд, напомена регулаторот. CNMC отвори истрага врз основа на жалбите на Шпанското здружение на хотелски менаџери (AEDH) и Мадридското здружение на хотелиери од 2021 година.

Booking Holdings, во одделна реакциј, денеска соопшти дека очекува намалена побарувачка за сместување во третото тримесечје.

Ad image

Временскиот интервал меѓу резервацијата на сместување и доаѓањето на гостите се намали веќе во второто тримесечје, а во периодот од јули до септември ќе биде уште пократок, изјавија од компанијата во разговор со аналитичари по објавата на деловните резултати.

Долгиот временски интервал сигнализира добра пополнетост. Компанијата предвидува дека бројот на ноќевања во третото тримесечје ќе биде за три до пет проценти поголем од лани. Во второто тримесечје тој број пораснал за 7,1 процент, а минатото лето за 14,9 проценти.

Известија дека вкупниот приход во периодот од април до јуни се зголемил за 7,3 проценти, на 5,86 милијарди долари. Нето добивката се зголемила за 17,8 проценти и изнесувала 1,52 милијарди долари.

Од Сања Костовска/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Цени на горива
Преглед на актуелните цени на горивата и енергенсите како и приказ на историското движење на цените.
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Американскиот претседател разговараше со лидерите на Катар и Египет во врска со регионалните тензии

Песков за Србија во БРИКС: „ЕУ и ги завртува рацете на Србија, Белград сам да носи одлуки“

Во Сараево десет луѓе со симптоми на лептоспироза побарале лекарска помош

Трамп објави план за тужба против Харвард за 1 милијарда долари

Куба остро ги осуди американските санкции против Венецуела и Иран

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Столтенберг: Светот стана поопасен, но НАТО стана посилен

Свет

Египет и Катар со нов мировен предлог за Појасот Газа

Свет

Панама во ОН го предупреди Трамп дека не треба да се заканува со употреба на сила

Балкан

Podravka постигна историски успех во 2025 година

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?