Фејсбук статус на Дарко Тодоровски
Да почнеме со тоа што овој мобилен стратешки ракетен систем, како и неговата ракета, е целосно класифициран и практично не постојат сигурни јавни информации за него.
Судејќи според се, Орешник е двостепена верзија на интерконтиненталната балистичка ракета РС-26 Рубеж, која, пак, е развој на тристепената РС-24 Јарс.
Познато е дека работата на РС-26 започнала во 2000-тите, а првото пробно лансирање се случило во септември 2011 година. После тоа, трагата на системот целосно исчезнува долго време. Ова веројатно се должи на тоа што РС-26 Рубеж е балистичка ракета со среден дострел (IRBM), што претставувало кршење на Договорот за нуклеарни сили со среден дострел (INF), кој бил во сила во тоа време. Сепак, по прекинувањето на Договорот во 2019 година, Русија и САД активно го продолжија развојот на претходно забранети ракети. И во јули 2024 година, Владимир Путин изјави дека Русија ќе се смета за „ослободена од претходно воведениот едностран мораториум за распоредување ракети со среден и пократок дострел“.
Според проектираните спецификации, РС-26 има лансирна тежина од приближно 40-50 тони и е носи повеќе од шест одделни боеви глави со дострел од 2.000 до 6.000 километри.

