Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Балкан

Slovnaft и Janaf во жесток конфликт за испорака на нафта

Сподели

Рафинеријата Slovnaft, дел од MOL Групацијата, ја обвини хрватската компанија Jadranski naftovod (Janaf) за намалување на испораките на неруска нафта, што сериозно ги загрозува нивните напори за намалување на зависноста од руски енергетски ресурси. Од Janaf веднаш реагираа, отфрлајќи ги обвинувањата и тврдејќи дека не постои никакво кршење на договорните обврски, пренесува Ројтерс.

Slovnaft, кој во голема мера се потпира на руската нафта поради исклучокот од санкциите на Европската унија, се обидува да зголеми процентот на неруска нафта во својата преработка. Планирале до октомври и ноември да достигнат 50% од таа мешавина, но сега се соочуваат со проблем поради губење на 90.000 тони Arab Light нафта преку Janaf. Портпаролот на Slovnaft, Антон Молнар, изјави дека Janaf им соопштил дека им е потребен тој обем за да се задоволат другите количини во системот.

„Janaf ни рече дека им е потребна оваа технолошка количина откако престанаа да снабдуваат српскиот NIS поради американските санкции“, изјави Молнар. Во текот на овој месец, Janaf потврди дека испорачал сите количини во сопственост на рускиот NIS кои се наоѓале во нивниот систем по воведувањето на санкциите. Молнар дополнува дека изгубените количини не можат брзо да се надоместат, што негативно влијае на распоредот на преработка во Slovnaft.

- Advertisement -

„Ова сериозно ја загрозува снабдителната мрежа на Централна Европа со неруска нафта“, нагласи тој, додавајќи дека веќе ги информирале од Janaf дека сметаат дека нивното постапување е кршење на договорот. Од Janaf, пак, тврдат дека транспортот на нафта низ нивниот систем се одвива според планираното и во целост во согласност со договорот со Slovnaft. „Цврсто ги отфрламе тврдењата на Slovnaft… во врска со кршење на договорните одредби како лажни и неосновани“, велат од Janaf.

Дополнително, од Janaf ги повикаа од MOL Групацијата да ја зголемат искористеноста на закупените капацитети на нафтопроводот. „Тековната искористеност на нафтопроводот од страна на MOL Групацијата е значително под договорената и вообичаената бизнис практика во секторот за транспорт на нафта“, изјавија од Janaf. Jadranski naftovod е клучна алтернатива за Маџарска и Словачка, кои децении наназад се потпираат на руската нафта од нафтопроводот Дружба.

Официјалните лица од двете земји претходно изразија загриженост за капацитетите и трошоците за транспорт преку Jadranski naftovod. Според постојниот договор, Janaf оваа година транспортира 2,1 милион метрички тони нафта за MOL-овите рафинерии. Во 2024. година, Slovnaft планира да преработи вкупно 4,8 милиони тони нафта, од кои 662.000 тони ќе бидат од алтернативни извори. Ситуацијата дополнително се комплицира со американските санкции против руските нафтени компании, што дополнително ја зголемува напнатоста во регионот.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Курсна листа
Преглед на дневна курсна листа на НБРМ.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Две просечни плати не можат да обезбедат основни потреби во Црна Гора

Актерските ансамбли во Србија од понеделник во седумдневен штрајк, целосно се солидарни со студентите

Минималната плата во Република Српска ќе достигне 540 евра до 2026 година!

Србија и Кина: Нови хоризонти на патот кон економска соработка во 2026 година

Земјотрес со јачина од 6,1 степен во близина на грчкиот остров Крит (ДПЛ)

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Балкан

Студентите во Ниш: Ова веќе не е наш протест

Балкан

Трагедија на градилиштето: Двајца работници паднаа од 12 метри

Балкан

Контроверзна изјава на Еди Рама во Обединетите Арапски Емирати

Балкан

Онлајн продавница во Грција казнета со 120.000 евра поради измами на потрошувачите

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?