Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македонија

Случајот „Онкологија“: Обвинителството за тешко нарушување на здравјето на пациенти од страна на онколози

ФОТО: jorm.gov.mk
Сподели

Обвинителката Ана Гоговска Јакимовска во воведниот говор на судскиот процес против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Никола Васев, истакна дека обвинетите предизвикале сериозни здравствени проблеми кај пациентите. „Здравиот има многу желби, а болниот само една, а тоа е да оздрави“, изјави Гоговска Јакимовска, нагласувајќи ја довербата што пациентите и нивните семејства ја имале во лекарите.

Обвинителката посочи дека Васев, заедно со уште тројца онколози, е обвинет за несовесно лекување на пациенти. Според неа, обвинетиот свесно и систематски постапувал спротивно на основните принципи на медицината, што довело до тешко нарушување на здравјето на пациентите. „Обвинетиот извршил повеќе исти дејствија и грубо ги прекршил стандардите и препораките на светските и европски онколошки процедури“, нагласи таа.

Гоговска Јакимовска најави дека ќе презентира докази кои ќе покажат дека терапиите биле давани дури и кога не биле потребни, а со тоа и штетни за пациентите. Дополнително, таа истакна дека второобвинетата, Мери Пешевска, му дала свои лозинки на Васев, што му овозможило да финализира терапии без соодветен пристап до системот. „Онколошкото лекување бара исклучително постапување, бидејќи грешките може да имаат фатални последици“, додаде обвинителката.

- Advertisement -

Обвинителството ќе докаже дека обвинетите, како специјалисти по онкологија, во критичниот период извршиле кривично дело несовесно лекување на пациенти. „Не следење на меѓународни онколошки упатства и неправилности во дозирањето на лековите довеле до штетни последици“, рече Гоговска Јакимовска, нагласувајќи дека ваквите дејствија не биле само пропуст, туку и криминални.

Покрај обвинението за несовесно лекување, Васев и поранешниот економски директор на Клиниката се соочуваат и со обвинение за злоупотреба на службена положба и проневера, со штета од над 2,2 милијарди денари на државниот буџет. Случајот продолжува, а обвинителството најави дека ќе бара правдата да биде задоволена во име на законите и пациентите.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за регистрација
Калкулатор за регистрација на возило
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Трагедија на „Народен фронт“: Пешак загина, МВР трага по возачот

Царината спречила криумчарење на 17 пара патики, а откри и 15 илегалци од Кина

Хаос со дивоградбите во Чаир – зграда изградена на место каде што била предвидена улица

Жена со секира го нападна невенчаниот сопруг!

Сончево и топло со умерен до засилен северен ветер

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Локално

Конституиран новиот состав на Советот на Општина Делчево. Николчо Стојменовски нов претседател на Советот

Македонија

Дожд и ветер денеска, стабилно и топло од вторник

Македонија

Тошковски: Работиме максимално посветени, ќе покажеме дека имаме капацитет согласно закон да ја овозможиме правдата

Локално

Голема новогодишна забава – со музика, но без огномет

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?