Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Бизнис и Економија

Собранието ги ратификуваше измените на Законот за Царинската тарифа: редукција на царинските квоти и либерализација на увозот од САД

25.06.2025
Сподели

Собранието на Република Македонија вчера ги ратификуваше измените на Законот за Царинската тарифа, што овозможи редукција на царинските квоти за 67 артикли, најмногу суровини и репроматеријали што се користат во локалната индустрија.

Со измените на законот, се отстрануваат царинските давачки за увоз на производи со потекло од Соединетите Американски Држави.

Министерството за финансии истакна дека измените се дел од имплементацијата на Програмата за работа на Владата 2024-2028, која предвидува постепено ускладување на царинските стапки со оние што важат во Европската унија, прилагодени на финансиските потреби на македонската економија.

Банер Банер BrandEcho

Министерството нагласува дека законот е донесен во соработка со економските комори и дека претставува континуитет на политиките за поддршка на бизнис заедницата. „Главната цел е зголемување на конкурентноста, поттикнување на извозот и привлекување на нови инвестиции, особено во преработувачката индустрија, металургијата, автомобилската индустрија и енергетиката“, се наведува во соопштението.

Редукцијата на царинските квоти е спроведена за 50 проценти од разликата помеѓу постоечките стапки и оние што ги применува Европската унија, во согласност со регулативите на Светската трговска организација.

Ad image

Министерството за финансии особено го нагласува намалувањето на царинската стапка на литиум-јонските батерии за складирање електрична енергија, што се очекува да има значителен придонес за напредокот на енергетскиот сектор, подобрување на стабилноста на електричниот систем и поддршка на инвестициите во обновливи извори на енергија.

Дополнително, целосната либерализација на увозот на стоки со потекло од САД има за цел да ја зајакне конкуренцијата на домашниот пазар и да испрати позитивен економски сигнал во меѓународната трговија. Ова ќе поттикне воспоставување на реципроцитет и продлабочување на стратешкото партнерство помеѓу двете земји.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за регистрација
Калкулатор за регистрација на возило
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Грција: Клучна точка за американскиот гас во Југоисточна Европа

OpenAI и Amazon: Револуција во облачните услуги вредна 38 милијарди долари

ЕК утврди дека Шејн го крши Законот за потрошувачи на ЕУ

Amazon на удар: 16.000 работни места во опасност!

Кина подготвува рекордна емисија обврзници во вредност од 411 милијарди долари

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

БалканБизнис и Економија

Просечната плата во БиХ не покрива ни половина од потрошувачката кошница

Бизнис и Економија

Британската фунта достигна историски минимум: Што значи тоа за економијата?

Бизнис и Економија

„Ван Хол“ најави отпуштање на меѓу 1550 и 1850 работници во Белгија

Бизнис и Економија

ДЗС: Помалку приходи од даноци за животна средина

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?