Stellantis не го запоставува јужноамериканскиот континент. Вистински доказ за тоа е најновата инвестиција од 6 милијарди американски долари наменети за развој на нови мотори и возила на овој континент.
Дека ова е повеќе од сериозна инвестиција покажува и фактот дека ова е најголема инвестиција досега, од било кој производител, во Јужна Америка. Според планот, оваа инвестиција ќе продуцира дури 40 нови автомобили наменети за овој пазар. Инвестицијата вклучува и нови мотори дизајнирани за работа и со бензин и со етанол.
Stellantis е еден од најголемите играчи во автомобилската индустрија во Јужна Америка. Вкупниот пазарен удел во Бразил изнесува 31,4% кој е и најголем поединечен пазар додека пак учеството на ниво на Јужна Америка изнесува 23,5%. Stellantis е лидер и во сегментот на комерцијални возила со удел од 28,6%.