Актуелниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски на својот официјален Фејсбук профил објави видео со кое му се заблагодарува на Сотир Лукровски за комплиментите кои ги дава на Општина Карпош.
Кандидатот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во своето видео ја фали општината нарекувајќи ја „најубава, најурбана и напосакувана“. Овој пенал не го пропушти Стевчо Јакимовски па преку видео му се заблагодари на Сотир, а истовремено го “пецна“ и премиерот Христијан Мицкоски.