Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Култура и наука

Свечено затворање на 17. издание на Битфест

Сподели

Во изминатите 70 тина дена, почнувајќи од 26 јуни, нашата Битола повторно блесна како центар на културните случувања во државата.

Општина Битола имаше чест да биде домаќин на низа настани кои ја славеа македонската музика, култура и традиција, кои отворија простор за младинска креативност, за театарска уметност, за врвни класични изведби и за содржини посветени на најмладите.

Посебна гордост се настаните што оставија траен впечаток – како спектакуларниот концерт на Армин ван Бурен на Стадионот „Петар Милошевски“, кој уште долго ќе се памети како дел од културната историја на градот.

- Advertisement -

Со особено внимание ги негувавме и традиционалните манифестации: „Илинденски денови“, „Широк Сокак во бело“, „Битолино“, „Локум фест“ и многу други – настани кои се препознатлив белег на нашиот фестивал и на градот.

Оваа година е значајна и по тоа што за првпат БИТ ФЕСТ доби поддршка од Министерството за култура и туризам токму во доменот на креативните индустрии. Резултат на таа поддршка е и вечерашниот настан, кој ја претставува финалната слика на ова фестивалско лето – “Bitola Art Mapping”, проект кој ја претвори Битола во сцена за современа уметност, за 3Д мапинг, музика и интерактивни инсталации, кои ја пренесуваат културата директно до публиката.

Општина Битола изразува длабока благодарност до Министерството за култура и туризам за поддршката, до сите уметници, организатори и институции вклучени во реализацијата на фестивалот, и, секако, до публиката, нашите драги сограѓани и гости, без кои овој фестивал не би ја имал оваа силна енергија.

Со секое издание на БИТ ФЕСТ ја зацврстуваме позицијата на Битола како културно срце на регионот и дека вечерва е уште една прекрасна страница во таа приказна.

Ова не е само крај на едно фестивалско лето – ова е прослава на уметноста што нè издигнува над секојдневието и ни покажува колку е моќна културата кога ја живееме заедно.

Извор:www.bitola.gov.mk

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Амбасади
Приказ на амбасади и дипломатски претставништва на Македонија.
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Промоција на книгата „Има ли и страна петта?“ на Васил Мукаетов во „Литература.мк“ во Сити мол

Со промоција на зборникот „Шопов на 11 јазици“, заврши 56. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ

Истражување: Под површината на Марс има вода што би наполнила океан

Словенечки уметници настапија на завршната вечер од „Охрид Џез Фестивал“

Промовирана „Одблесоци на сонот“ – книга во која младешкиот збор станува литературна реалност

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Култура и наука

Второ издание на „Клинци“ на „Култура Бета“

Култура и наука

„Блу гоуст“ слета на Месечината

Култура и наука

Научниците открија дека телото почнува да старее уште на 25 години – но еве што го враќа назад

Култура и наука

МОН: Се изработуваат шест закони од областа на образованието

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?