Словенечки уметници настапија на завршната вечер од „Охрид Џез Фестивал“

Со исклучителен концерт на уметниците од Словенија, Томи Пуриќ & Balkan Jazz Group, вчеравечер во предворјето на црквата „Света Софија“, заврши третото издание на „Охрид Џез Фестивал“.

Многубројната публика уживаше во уникатни џез изведби на класични и комерцијални музички композиции.

Посебен белег на финалниот концерт оставија гостите, Ѓоко Алоски на труба и Наум Џуклески на хармоника.

Фестивалот „Охрид Џез Фестивал“ се одржува под покровителство на Општина Охрид.

Извор:ohrid.gov.mk

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава