Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Технологија

ТикТок го крши Законот за дигитални услуги на ЕУ, покажа прелиминарна истрага на ЕК

Сподели

Брисел, 15 мај 2025 (МИА) – Социјалната мрежа ТикТок не ги почитува преземените обврски од Законот за дигитални услуги (ДСА) во однос на т.н. „складиште на реклами“, соопшти денеска Европската комисија врз основа на наодите од нејзината прелиминарна истрага.

„Складиштето на реклами“ е база на податоци или архива која содржи податоци за рекламите, вклучувајќи ја нивната содржина, спонзори, трошоци и должина на траење и емитување. Примарна цел на оваа база е поголема транспарентност на онлајн рекламирањето и можност на истражителите, надзорните тела и јавноста да имаат пристап до податоците за рекламите.

Комисијата посочува дека ова „складиште на реклами“ е клучно за откривање на реклами со кои се мамат граѓаните и кои се користат за кампањи со хибридни закани и координирани информативни операции, вклучително и во контекст на избори.

- Advertisement -

– Комисијата утврди дека ТикТок не ги обезбедува потребните информации за содржината на рекламите, за корисниците кон кои се насочени рекламите и за тоа кој платил за рекламите. Покрај тоа, „складиштето за реклами“ на ТикТок не овозможува сеопфатно пребарување на рекламите врз основа на овие информации, со што се ограничува корисноста на алатката, се додава во соопштението на ЕК.

Комисијата посочи и дека за прелиминарни наоди од истрагата веќе го информирала ТикТок, кој сега има право на одбрана со проверка на документите од истражната постапка и давање писмен одговор на забелешките.

Доколку во понатамошните фази на истрагата бидат потврдени прелиминарните наоди, тогаш Комисијата може да му изрече парична казна на ТикТок во висина до шест отсто од вкупниот негов годишен промет на глобално ниво, како и да го засили надзор врз социјалната мрежа.

Формална постапка против Тик Ток, Европската комисија ја започна на 19 февруари минатата година и со неа покрај проценката за транспарентноста на рекламирањето, беа оценувани и негативните ефекти од дизајнот на алгоритамските системи, гарантирањето на високо ниво на приватност, безбедноста и сигурноста за малолетници, како и можноста на истражителите за пристап до информации, за што истрагата продолжува.

Паралелно со ова, ЕК во декември 2024 година започна истрага против ТикТок и за начинот на справување со ризиците поврзани со изборите и граѓанскиот дискурс, која исто така е во тек.

Од Сашко Панајотов Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор: Дали ти се исплати менувањето на автомобил?
Калкулатор: Дали ти се исплати менувањето на автомобил?
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

ТикТок демантира дека кинеската Влада ќе му ја продаде платформата на Маск: Тоа е чиста фикција

„Сони“ го објави првиот трејлер за „Веном 3“

Samsung планира лансирање на паметни очила без екран до крајот на следната година

Huawei ги подигнува стандардите за батерии со Pura 80 серијата

Nvidia на прагот од историја: Дали ќе стане првата компанија со вредност од 5.000 милијарди долари?

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Технологија

Трет прекин на X (поранешен Твитер) за еден ден

Технологија

Кина ги забрани „Интел“ и „АМД“ процесорите од САД

ТикТок објави дека од утре ќе прекине со работа во САД

Технологија

Крајот на ерата за Windows 10: Поддршката завршува во 2025 година

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?