Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Автомобилизам

Toyota ја менува стратегијата: Моделите ќе живеат девет години

Сподели

Toyota е принудена да ја промени својата долгогодишна филозофија на развој. По децении во кои клучните модели се менуваа во циклуси од четири до пет години, а потоа во ритам од околу седум години, јапонскиот производител преминува на уште побавен темп. Според извештајот на Nikkei, новата стратегија предвидува дека најважните модели ќе добиваат комплетно нова генерација само на секои девет години.

Оваа одлука не е резултат на финансиски или продажни проблеми, туку е последица на актуелната пазарна реалност. Toyota долго време се бори со побарувачка која надминува производствените капацитети, а модели како што е Land Cruiser имаат повеќегодишни листи на чекање. Со други зборови, кога купувачите продолжуваат да стојат во ред, нема причина да се забрзува развојот на новите модели, чии трошоци се високи.

Наместо големи интервенции на каросеријата и платформата, Toyota во овие продолжени циклуси ќе користи сè повеќе софтверски надградби. Најновиот Camry, кој всушност е длабока еволуција на претходната генерација, покажува како ќе изгледа овој пристап во пракса. Софтверот овозможува додавање нови функции за помош во возењето, подобрување на перформансите, па дури и активирање опции преку претплата. Плус, Toyota очекува дека овој модел ќе влијае на побавниот пад на вредноста на половните автомобили, што може да им понуди на купувачите повисока вредност во подолг период.

- Advertisement -

Продолжениот животен циклус ќе обезбеди и по стабилно снабдување на пазарот. Купувачите ќе можат полесно да дојдат до посакуваните верзии, а моделите ќе остануваат актуелни подолго, што е исклучително важно во времиња на нарушени синџири на снабдување и големи флуктуации во побарувачката.

Toyota разгледува и промени во велепродажната политика на цените, кои традиционално опаѓаат како моделот старее. Во новата филозофија, цените треба да се прилагодуваат повеќе на реалната побарувачка отколку на календарскиот стаж на моделот. Сепак, не се согласуваат сите со овој план. Дел од околу 230 независни јапонски трговци се плашат дека динамичното определување на цените може да ги притисне нивните маржи. Toyota, сепак, тврди дека просечните велепродажни цени ќе останат стабилни во текот на предвидениот деветгодишен циклус.

Stellantis со години ги продолжува животните циклуси на своите американски и италијански модели, додека Tesla во основа никогаш не направила нови генерации на Моделот S и Моделот X. Ако основата е доволно добра, софтверот навистина може да стане главно средство за освежување.

Потегот на Toyota да го продолжи животниот циклус на моделите на речиси една деценија е во целосна спротивност со пристапот на кинеските производители, кои своите модели обновуваат со рекордна брзина.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Колку ти е здрав работниот ден?
Колку ти е здрав работниот ден?
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Најбезбедни автомобили за 2024 година

Xpeng P7: Новитет во светот на електричните автомобили

„Ван Хол“ доби нови сопственици

Volkswagen повлекува над 16.000 возила поради безбедносен ризик – совозачкото седиште под знак прашалник

Кина поведе постапка против САД во СТО поради субвенциите за електрични автомобили

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Автомобилизам

Летачко такси во Дубаи до почетокот на 2026 година

Автомобилизам

Новата Toyota C-HR со супер перформанси на краш тестот (ВИДЕО)

Автомобилизам

Горат како слама – уште еден електричен автомобил се самозапали (ВИДЕО)

Автомобилизам

Lancia со тизер видео ја најави HF верзијата на Ypsilon

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?