Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македонија

Трагедија во здравството: 37-годишна мајка почина по две операции, семејството бара правда

Сподели

Елена Ѓорѓиевска, мајка на две деца и пациентка со Кронова болест, трагично почина по две операции на Клиниката за дигестивна хирургија, оставувајќи зад себе семејство во шок и неверување. Нејзиното семејство сега се сомнева во лекарска грешка, обвинувајќи за несоодветно лекување и недостаток на соодветна пост-оперативна нега.

Според изјавите на нејзината снаа, Ирена Димовска, Елена починала истиот ден кога ја отпуштиле од болница. Сопругот Игор Ѓеорѓиевски истакнува дека хирургот, по извршената операција, ја оставил пост-оперативната нега на специјализанти, бидејќи заминал за Америка, што според него довело до трагичниот исход. “Вината лежи во докторската грешка, од самиот почеток до крај. Не е во ред”, вели Игор.

Семејството тврди дека првата операција била неуспешна, а состојбата на Елена се влошувала секој ден. “Прашувавме колку дена ќе биде потребно за да се опорави, а тие ни велеле дека сè ќе биде во ред. За жал, не беше така”, додава Ирена. Семејството не само што се соочува со загубата, туку и со правни проблеми, бидејќи не добиле отпусно писмо, и сега се прашуваат дали ќе мора да платат за погребот на Елена.

- Advertisement -

Државниот здравствен инспекторат потврди дека ја примиле пријавата и најавија вонреден надзор. Директорот на Клиниката за дигестивна хирургија, Огнен Костовски, изрази намера да формира внатрешна комисија за да се утврди какво било неправилно постапување. Од клиниката нагласуваат дека, доколку се утврди вина, ќе се преземат соодветни мерки согласно законот.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Спортски типови
Предлог викенд типови.
Спорт
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Сончево и многу топло, температурата 39 степени

Утре без вода дел од булеварот „Јане Сандански“

Црвена лампа за наталитетот: Помалку бебиња во 2024 – раѓањата опаѓаат, просечната мајка сè постара

Склучени договори за јавни набавки од над 13 милиони евра во последните 10 дена

Второ давење за два месеци: Дебарското Езеро станува црна точка?

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Хроника

29-годишно момче од Прилеп загина во сообраќајка кај Плетвар

Македонија

Санкционирани 140 возачи во Скопје

Локално

Без струја неколку скопски села

Македонија

Променливо облачно со повремен дожд

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?