29-годишно момче од Прилеп загина во сообраќајка кај Плетвар

ФОТО: МВР

Во сообраќајна несреќа која вчера се случи кај Плетвар, животот го загуби 29 годишно момче од Прилеп.

Несреќата се случила нешто пред 18 часот кога возило со прилепски регистарски таблички се судрило директно со цистерна која се движела во насока кон Прилеп.

Поради незгодата сообраќајот беше во прекин нешто повеќе од еден час.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава