Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Локално

„Тунел на традицијата“- мултимедијален перформанс што ја оживеа македонската културна и етнолошка оставнина

28.10.2025 11:38
Сподели

Со послужување леб и сол како симболичен гест на добредојде, посетителите беа пречекани на отворањето на мултимедијалниот перформанс „Тунел на традицијата“, кој се одржа на 28 октомври 2025 година во Народниот театар- Гевгелија. Интердисциплинарниот настан, којшто опфати повеќе културни дејности, беше организиран од Етнокореолошкиот оддел при ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија и Ансамбл „Бојмија“- Гевгелија.

Најпрво, во фоајето на Театарот, многубројната публика уживаше во вокалната интерпретација на женската група на Ансамбл „Бојмија“, која ја изведе песната „Бој се бие“ од етничкиот предел Бојмија, поточно од селата Миравци и Петрово. Симболично, ложата во Големата сала беше претворена во „тунел“, во кој беа изложени голем број предмети и реквизити од традиционалната култура (покуќнина), потсетувајќи на некогашниот начин на живот и секојдневните обврски на предците. Младите модели облечени, во народни носии и градска облека, демонстрираа како некогаш изгледала облековната култура и како се одвивале секојдневните активности. Во тунелот, покрај живите изведби, беа прикажани историски видеоснимки од браќата Манаки, а можеа да се слушнат и мелодии од традиционални инструменти, како и вокални изведби на доајени на народната музика, создавајќи автентичен амбиент на минатото.

Врвниот момент на перформансот беше изведбата на „Машко оро за рамо“ од членовите на Ансамбл „Бојмија“. Но, вниманието на публиката особено го привлече малиот гајдаџија Кирил Јованов, кој со својата виртуозност и чувство за ритам отсвири музичка подлога за орото. Публиката не можеше да ја сокрие радоста и воодушевувањето- настапот на Кирил предизвика бурни овации и искрени насмевки кај присутните. Со својот талент и енергија, Кирил ја покажа силата на младите музички генерации и ја надополни магијата на „Тунелот на традицијата“, оставајќи незаборавен впечаток кај сите што ја следеа изведбата.

Банер Банер BrandEcho

Овој настан претставува значајна придобивка за културната афирмација на Гевгелија. Преку „Тунелот на традицијата“, публиката се потсетува на важноста на македонската културна и етнолошка оставнина, како и на нејзиното влијание врз современиот културен идентитет. Настанот го нагласи ангажманот на младите во културниот живот на Гевгелија- тие не само што ја преземаат традицијата туку ја оживуваат, прилагодуваат и претставуваат на модерен начин, создавајќи мост помеѓу генерациите. Нивното учество е доказ се вистински амбасадори на локалната традиција и уметничкиот израз. ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија уште еднаш ја зацврсти позицијата на градот како центар на културни вредности и творечки изрази во земјата.

Извор:gevgelija.gov.mk

Ad image

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Поважни телефони
Телефонски броеви од државни и јавни институции.
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Првиот солистички концерт на виолинистката Емилија Николовска- симбол на почетокот на академското поглавје

29 и 30 август: 17. БОШ Фестивал со богата културно-уметничка програма

Советот на општина Струмица ја одржа шесттата седница: Усвоени одлуки за спорт, образование, гас и финансиска поддршка

Карпош: Отворен првиот центар за престој на деца со попреченост

Креирање ефективни земјоделски политики со проектот AgriExcel од програмата Interreg Europe

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Локално

Училиштето во Бистрица ќе добие нова спортска сала на местото на културниот дом

Локално

Новиот заменик градоначалник на Гостивар: Кој е тој и што носи?

Локално

Културна манифестација „Културен импулс: Живот и вредности

Локално

Заврши 17. издание на Меѓународниот театарски фестивал “Свети Јоаким Осоговски“

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?