На 23 февруари 2026 година околу 21:30 часот, на бензинска пумпа на автопатот Скопје–Куманово, полициски службеници го лишија од слобода О.К. (33) од Турција, откако бил затекнат како со возило „шкода“ со косовски регистарски ознаки превезува шестмина мигранти.
Станува збор за три лица од Египет и три лица од Алжир.
Претходно, на наплатната станица Романовце, осомничениот не застанал на даден знак од полициските службеници и продолжил со движење.
По преземени мерки од полицијата, возилото било лоцирано на бензинска пумпа на автопатот, каде што лицето било приведено.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.



