Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Балкан

Турскиот претседател, Ердоган, денеска во посета на Тирана, со Рама ќе ја инаугурираат големата џамија

Сподели

Тирана, 10 октомври 2024 (МИА) – Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска ќе престојува во Тирана, која е прва дестинација на неговата мини балканска турнеја, во чии рамки утре ќе го посети Белград.

Покрај средбата со неговиот голем пријател, премиерот Еди Рама, Ердоган ќе се сретне и со претседателот Бајрам Бегај. Според протоколот седница ќе одржи Советот за меѓудржавна соработка, на кој ќе бидат потпишани неколку договори, а попладне во 16:30 заедно со Рама ќе ја инаугурираат новата „Намазѓа“ џамија (попозната како големата џамија) во центарот на Тирана.

Турскиот претседател присуствуваше и на церемонијата на започнувањето на изградбата во 2015 година, нарекувајќи ја „единствениот симбол на братството меѓу нашите две нации“.

- Advertisement -

Овој верски објект веќе неколку години е завршен, но турската влада до сега не прифаќаше да ја предаде поради „конфликтите“ на турските владини претставници со претставниците на муслиманската верска заедница во Албанија, обвинувајќи дека дел од имамите и раководството, вклучително го и поглаварот, Бујар Спахиу, се поврзани со организацијата „Фето“.

Тоа се гледа и од фактот што на денешната инаугурација, како што информираше и МВЗ, нема да присуствува поглаварот? туку муфтијата на Тирана Газмент Теќја. Надлежен на џамијата ќе биде Енес Бастур, имам од Турција.

Намазѓа џамијата е со површина од 10 илјади квадратни метри и има капацитет за 5.000 верници, додека заедно со надворешните простори ќе можат да се молат околу 10.000 верници. Изградбата на џамијата е финансирана од Претседателството за верски прашања на Турција (Дијанет) и Фондацијата на Претседателството за верски прашања на Турција, а е вредна околу 30 милиони евра.

Џамијата архитектонски е слична на оние во Истанбул, располага и со библиотека, културен центар, конференциска и изложбена сала, менза, како и Музеј на соживотот. Освен што на ова место ќе може да се изучува Куранот, ќе може да се учи и турскиот јазик.

Ердоган и Рама во текот на една календарска година имаат по три до четири средби, но повеќето во Анкара. Последната посета на Ердоган на Албанија, беше во јануари 2022 година.

Поради денешната посета на шефот на турската држава, во Тирана воведен е посебен режим во сообраќајот а засилено обезбедување има уште од аеродромот.

Од Вера Тодоровска/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Поважни телефони
Телефонски броеви од државни и јавни институции.
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

(ВИДЕО) Драма во Словенија: Пратеник се заканувал дека ќе скокне од покривот на парламентот

Истанбул го има најпрометниот аеродром во светот

Хрватска добива значителна финансиска поддршка од ЕУ

ЕУ инвестира 175,6 милиони евра во модернизација на железницата во Црна Гора

Додик: Дејтон не е проблем, туку неговото искривување

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Балкан

Федералната Влада на БиХ ја забрзува изградбата на Јужната гасна интерконекција

Балкан

Црна Гора и Бугарија заедно на Антарктикот

Балкан

Албанија бележи рекордни странски инвестиции, доминираат вложувањата во недвижен имот

Кокаин во вредност од 2,9 милиони евра откриен во пратка со банани на пристаништето во Солун

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?