Со посета на сајтот се сложувате со нашата Политика на приватност, заштита на податоци и колачиња
Accept
Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Notification Show More
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
    • Радио станици
    • Филмови
    • Поткасти
    • ТВ Архива
    • Календар со неработни денови
    • Курсна листа
    • Македонска музика
    • Фото на неделата
    • Амбасади и ДКП
    • Платен промет
    • Поважни линкови
    • Поважни телефони
    • Јавни набавки
    • Предлог типови
Reading: Вангел Божиноски: „Го кандидирам Градот Скопје за градоначалник на Скопје“
Share
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
    • Радио станици
    • Филмови
    • Поткасти
    • ТВ Архива
    • Календар со неработни денови
    • Курсна листа
    • Македонска музика
    • Фото на неделата
    • Амбасади и ДКП
    • Платен промет
    • Поважни линкови
    • Поважни телефони
    • Јавни набавки
    • Предлог типови
Follow US
Home » Blog » Вангел Божиноски: „Го кандидирам Градот Скопје за градоначалник на Скопје“
Интервју

Вангел Божиноски: „Го кандидирам Градот Скопје за градоначалник на Скопје“

08.10.2025
Share
SHARE

Интервју со Вангел Божиноски, кандидат за градоначалник на Град Скопје од редовите на Родина Македонија. 

1. Господине Божиноски, што Ве мотивираше да се кандидирате за градоначалник на Град Скопје?

ВБ: Ако се навратам кон минатото (…јас се навраќам постојано),,,мислам дека е разумно и оправдано да заклучам дека феноменот градоначалник на Скопје не е епизода која носи позитивна меморија.Како граѓани и како староседелци не сакаме да се возгордееме со рецентните градоначалници.Секојдневноста на Скопје не нуди атмосфера која логично би поттикнала желба за кандидатура А̀ко се додаде праксата дека шансите да се стаса до избор покрај големите играчи во играта Избори која има правила и надвор од дефиницијата…и ако се замисли чудото да бидете избран во навиката на работењето која упатува на усогласување со партиските интереси…тогаш,навистина првото прашање самото се преведува јасно: Како воопшто се надидираш кога е невозможно според сите разумни параметри?.

Должен сум да објаснам. Јас не сум се кандидирал никогаш, ни кога сум претседателствувал со Сојузот на архитектите, ни кога сум го водел штрајкот на МРТВ, ни кога сум директувал, ни кога сум командувал со работна бригада.

Се согласив да бидам кандидат на моите сограѓани и староседелци и на партијата Родина чии ставови во врска со градот и Македонија ги споделуваме. Имав едно барање кое е прифатено. Наш кандидат за градоначалник на Скопје да биде ГРАДОТ СКОПЈЕ. Проценивме дека овој став според димензијата е еднаков на претходната невозможност. Но, нуди несогледани можности.

Потоа ја отворив заборавената торба на терзијата. Таму беше цитиран еден исклучителен водач кој барал за градот на просветителството зафати кои секојдневноста ги сметала како невозможни. И експертите исто така.

Тој рекол: Само ако е невозможно вреди да се создаде.

Потоа појдов да се сликам и да го нацртам билбордот.

2. Како ја гледате визијата за Скопје во следните 4 години – кој е главниот правец на развој?

ВБ: Гледам…зелени дрвја…и црвени каранфили…живеам во простор чудесен за мене…не можам да се начудам: Колку волшебен град… Небото мекосино… Стада облаци… Бели… Кристално чист ден… Светулките ветуваат добра ноќ… Мириса море… Каков благословен град… Божилак по дождот… Таа граница на соседната димензија се огледали на образите на минувачите и намерниците… Гледам соседи се поздравуваат: Како е комшија… Со почит и смирение… Се слуша новороденче од соседната бавча… Ангелот му ја соопштува вистината за светот… Потоа го потчукнува со показалецот по горната усна… РИЗОРИУС (за да се насмевне и да подзаборави помалку..)…. не можам да верувам… ТОЛКУ НЕВЕРОЈАТЕН ГРАД..

Препорачувам: појдете кај Каран… Малку понатаму и гледајте десно по оската на Вардар… Таму има нешто кое ќе ви помогне да верувате.

3. Какви конкретни решенија предлагате за сообраќајниот метеж и јавниот превоз во Скопје. Што во однос на загадувањето?

ВБ: Скопје спаѓа во лигата на најстари главни градови на светот. Измерен е со најмалку 8000 години. Досега низ него врвеле и живееле недоброј  и се движеле недоброј каравани и други превозни средства. И не бил загаден.

И не бил затнат. 8000 години. Како во последниве децении!?

Во торбата на терзијата (заборавената) има една поговорка: БУДЕЊЕТО Е ВОЗМОЖНО САМО ВО МИНАТОТО.

Во воспитанието на архитектите има и дефиниција за град. Се вели дека град не е одбрамбен систем или продолжена кожа за заштита. Градот е природна појава, особено историскиот град. Градот е живо суштество. Реагира.

Скопје е котлина со исклучителни дарби. Но, ограничена.

Бара текнување. Пред минато определено свршено време не се правеа фисибилити. Туку: или јас или ти, се правеа истражувања за да се предвидат настаните и да се понуди природно ефтино за сите разбирливо решение.

Тогаш, попаметни за една катастрофа, се дојде до заклучок дека Скопје има граници на растеж. Има бројка 300 000. Толку држи. Анализата беше платена, но од политиката забаталена. Од тие височини долета зборот: СКОПЈЕ ОТВОРЕН ГРАД… Скромно срамежливо граѓаните подшепнуваа дека тоа не се вистинските зборови кои му прилегаат на Скопје и во кои би кристализирал градот.

Скопје ќе мора сам со граѓаните да го реши проблемот

Скопје ќе мора да ја врати довербата помеѓу управата, задолжените служби и одговорни компании изговарајки ги вистинските зборови кои секогаш го одгледувале градот низ историјата. Димензионирани за Скопје да се врати во својата природна форма.

4. На кој начин еден град како Скопје може да стане самoodржлив и да генерира развој без да се потпира само на буџетски средства?

ВБ: Прашањето е како градот да произведува заработувачка. Ако го прашате историскиот град одговорот е јасен: Скопје треба да живее како што суштествува секој историски град. Нудите приказна и се што оди со неа. Единствена стопанска гранка која најмалку добила од буџетот, а постојано расте е туризмот. Тие скопски и не само скопски инвентивци треба да се поддржат. Втора сфера на градоградителството е археологија и културно наследство. Градскиот фокус треба да биде таму и во третата и најважната сфера: основните училишта и градинки. Така Скопје ќе ја врати својата дефиниција како ГРАД НА ГОЛЕМАТА МАЈКА.

5. Зошто граѓаните на Скопје треба да Ви ја дадат довербата токму Вам?

ВБ: Не сум јас кандидат. Јас го кандидирам Градот Скопје за градоначалник на Скопје… и тоа е невозможно во оваа секојдневност. Гласај.

Само затоа што е невозможно (во секојдневноста… но во реалноста е поинаку).

6. Кој би бил Вашиот прв конкретен потег во првите 100 дена од мандатот?

ВБ: Немам јасна представа. Би сакал (знам едно згодно место кое чека) да го представам рељефот на Скопје пред да се зачипчи првата населба… и над тоа да левитира Големата Мајка од Говрлево.

 

 

▶ Случајно видео

Share This Article
Facebook Twitter Telegram Email Copy Link Print
Share

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Викендот во Делчево на еден татко

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mkЗабрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • Ценовник Локални избори 2025 година
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Македонија ДенесМакедонија Денес
© 2024 Македонија Денес. Сите права се задржани.
- Advertisement -
Ad image
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?