Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Култура и наукаЛокално

„Велешко лето“ 2024 со богата програма за сите вкусови

Сподели

Велес, 5 август 2024 (МИА) – Општина Велес по неколку години пауза годинава повторно  го организира „Велешкото лето“ 2024 кое започна на почетокот на јули и ќе трае до крајот на август со богата и  разновидна програма на музика, уметност, литература, детски претстави, креативни работилница и многу забава и дружење. Секоја недела на официјалната и ФБ страницата на Општина Велес, организаторите ја објавуваа неделната програма.

Така неделава во среда вечер 7 август во 20 часот во Амфитеатарот на Младинскиот парк  е претставата за деца „Разгалениот принц“ во изведба на Театар ХИТ. Во четврток вечер на 8 август во пресрет на празникот Свети Пантелејмон кој е заштитник на Велес во Соборниот храм „Свети Великомаченик Пантелејмон“, Општина Велес и Епархијата Повардарска  ќе имаат заедничко чествување на патронот.По вечерната богослужба ќе има Поетски перформанс на МДСП „Премиера“ и музички колаж на „Тринити спринг“.

Инаку синоќа во рамките на програмата  на  Велешко лето 2024 на спортското игралиште „Тунел“ во новиот дел на градот  со музичка компилација на флејта настапи студентката  Екатерина Димитриевска,а по што концерт одржа велешката група „Double Trouble“која ја сочинуваат Шерафедин Куртов на гитара и вокал неговата сопруга Алма Куртова.

- Advertisement -

Екатерина Димитриевска флејтист за МИА, искажа голема благодарност до организаторите  до  Општина Велес што  овозможи со краток концерт на популарни мелодии за флејта да се претстави пред своите сограѓани.

-Прекрасна манифестација е „Велешко лето“ 2024 ни дава убава  можност на нас  младите музичари и други уметници од градот,да се претставиме пред својата домашна публика и преку мизиката  да поминеме заедничка вечер во дружба..Воедно манифестацијата е  убава можност за забава на граѓаните и меѓусебно дружење низ концерти и други културни настани од сите области во вечерите од долгите летни ноќи на разни локации во градот , потенцира Димитриевска.

Благодарност до Општина Велес за можноста да се претстават пред своите сограѓани искажа и Алма Куртова од групата „Double Trouble“.

-Благодарам до оганизаторите во Општина Велес кои ни го овозможија овој концерт пред нашата домашна публика.Им понудивме разновидна програма со познати светски и домашни хитови и се надевам дека публиката уживеше што потврди аплаузот по настапот.„Велешкото лето“ 2024 е вистински погодок на организаторот и потврди  дека велешката публика сака и посетува културни настани,потенцира Куртова.

Организаторите од Општина Велес ги покануваат сите граѓани да дојдат и бесплатно на отворено да ги проследат и останатите настани од „Велешко лето“ 2024 и со аплаузи да ги наградат сите учесници на програмата до крајот на август.

Од Антоанела Димитриевска, Велес Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за овулација
Калкулатор за овулација
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Охрид се поклони на хероите!

ПРОМОВИРАНИ ПЛИВАЧИТЕ НА 38.ОХРИДСКИ ПЛИВАЧКИ МАРАТОН

Заменик-градоначалникот на Град Скопје си поднесе оставка

Отворен шестиот конкурс за наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2024 година

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Локално

26 октомври: Пијанистички концерт на Глигор Гелебешев

Локално

Бутел: Нова детска градинка – Најголема инвестиција во Бутел 2

Локално

Марко Цепенков оживеа во Гевгелија: Изложба на материјална култура и фолклор

Локално

Без вода улици во општина Ѓорче Петров

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?