Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Локално

26 октомври: Пијанистички концерт на Глигор Гелебешев

23.10.2025 01:00
Сподели

Во рамките на програмата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, на 26 октомври (недела), со почеток во 19:00 часот, во хотел „Аполонија“- Гевгелија, ќе се одржи пијанистички Концерт на познатиот македонски пијанист Глигор Гелебешев.

Публиката ќе има можност да ужива во програма составена од дела на Александар Скрјабин и Сергеј Рахмањинов, меѓу кои „Соната бр. 3 oп. 23“, „Ноктурно оп. 9 бр. 2“, неколку Прелудиуми и Музички моменти, кои се врвни дела на пијанистичкиот репертоар од доцниот романтизам. Настанот се реализира во соработка со ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија и Општина Гевгелија.

Глигор Гелебешев, роден во Гевгелија во 1969 година, е пијанист со изграден индивидуален израз и долга сценска и педагошка кариера. Дипломирал на Академијата за уметности во Нови Сад, а магистрирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Се усовршувал кај познати пијанисти и педагози, меѓу кои: Евгениј Тимкин, Икуко Ендо, Арбо Валдма, Владимир Крапан и Јокут Михајловиќ. Покрај солистичката кариера, Гелебешев активно настапува и како камерен музичар, во пијано-дуо со својата сопруга Катарина Гелебешева-Костадиновска, со која има реализирано бројни концерти, фестивалски настапи и снимки за Македонската радио-телевизија.

Банер Банер BrandEcho

Во последните години, Гелебешев го проширува својот уметнички израз со авторски проекти и сопствени дискографски изданија, посветени на музиката на Шопен и Рахмањинов. Неговите настапи се одликуваат со рафинирана интерпретација, изразита музикалност и впечатлива пијанистичка дисциплина, со што се вбројува меѓу врвните изведувачи на современата македонска пијанистичка сцена.

Извор:gevgelija.gov.mk

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Платен промет
Шифри за платен промет и ознаки на општини.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Делчево подготвува 9. редовна седница: Што да очекуваме?

ДУИ со листа за совет на Општина Карпош

Празнување на женската сила: Интерактивна работилница по повод 8-ми март

Финансиска поддршка за пензионерите во Кисела Вода: 2.500 денари еднократна помош за 3.200 лица

Одбележан денот на формирањето на Седмата Ударна бригада

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Локално

Нова ера за улица „11“ во Кадино: Реконструкција која го менува лицето на општината

Локално

Општина Делчево: Градоначалникот реагира на штетите од временските непогоди

Локално

Без вода населбата Новоселски пат

Локално

Отворен Фестивалот на дувачки оркестри во Пехчево

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?