Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македонија

Вкупно 14 лица во државата не ја почитувале забраната за движење во шума без одобрение

Сподели

Кавадарци, 5 септември 2024 (МИА) –  Вкупно 14 лица во државата досега не ја почитувале забраната за движење во шума без одобрение. Вака одговорија од МВР на прашање од МИА, во врска со тоа колку лица биле затекнати во шума, во време на забрана за движење без одобрение. Забраната за движење во шума без одобрение, беше донесена на 15 јули како превенција од пожари.

– За непочитување на забрана за движење во шумски предели односно за движење без одобрение во шума за време на забрана, на 14 лица (по четири лица затекнати на подрачје на планина Беласица – Струмица и Градечка Планина – Валандово, три лица на планина Огражден – Пехчево, две на подрачје на Неготино и едно на подрачје на Крива Паланка) им се издадени записници за констатиран прекршок по Закон за шуми, што ќе бидат доставени до подрачни единици на Шумска полиција за понатамошно постапување, се вели во писмениот одговор.

На прашање од МИА, СВР Велес одговори дека за време на забрана за движење во шума, на подрачјето на СВР Велес има затекнато две лица кои не ја почитувале забраната.

- Advertisement -

Настанот бил случен на 23.07.2024 во 16.10 часот на локалниот пат кон село Калањево, неготинско. Таму од страна на полициски службеници од ОВР Неготино, било запрено патничко возило „мерцедес“ со неготински регистарски ознаки управувано од В.Т.(24) и сопатник В.Ч.(25) и двајцата од Неготино, кои се движеле во шума без дозвола за движење. По документирање на настанот против нив била поднесена соодветна пријава, се појаснува во писмениот одговор.

На 15 јули, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на ЈП „Национални шуми“, даде согласност за воведување на целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште.

– Ваквата согласност се дава согласно членот 57, став 3 од Законот за шумите, поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор. Целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште се воведува на територијата со која стопанисува ЈП „Национални шуми“ и истата започнува од 15.07.2024 година и ќе трае се до денот на нејзиното отповикување, во терминот од 06:00 до 20:00 часот. Целосната забрана за движење во шумите ќе трае се до проценката дека ризикот од шумски пожари е намален. Движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“, за подрачјето со кое управуваат, соопштија тогаш од Министерството.

Притоа беше појаснето дека за непочитување на оваа целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште, на физички лица кои ќе се затекнат да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противредност. 

Од Светлана Дарудова, Кавадарци Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Квалитет на воздухот
Приказ на индексот за загадување/квалитет на воздухот.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Бугарски европратеник со амандман против македонскиот идентитет

Полициски службеник уапсен за изнуда: Барал 20.000 евра, фатен при примопредавање

Стокомак отвора дисконти во Ниш?

Гласини, паника и вистина: УЈП откри што ќе се случи со “МојДДВ”

Насилство во Кисела Вода – сведок 10 годишно дете

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Македонија

ДИК И МВР на координативна средба за подршка на изборниот процес

Локално

15. Баскерфест карван на радоста и уличната уметност официјално затворен во градот на културата

Македонија

Во Македонија недостасуваат над 2 илјади стручњаци и научници

Македонија

Јавни набавки од 20 милиони евра за само десет дена – градежниот сектор во подем!

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?