Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Македонија

Бугарски европратеник со амандман против македонскиот идентитет

02.06.2025 07:42
Сподели

Бугарски европратеник од редовите на владејачката партија ГЕРБ се обидува преку амандман да го редефинира македонскиот идентитет и јазик во европски документ, алармираше денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Амандманот има за цел да го дефинира македонскиот идентитет како „сегашен“ („present“), за разлика од формулацијата во извештајот на известителот за Македонија, европратеникот Томас Вајц, кој го признава македонскиот идентитет како историски и „многувековен“.

„Жалам што пратеници од нашиот источен сосед настапуваат со реторика што не води кон соработка и европски дух, туку не враќа во времето на живковизмот“, изјави премиерот Мицкоски.

Ad image

Тој додаде дека Македонија нема да одговори со конфронтативна реторика, туку ќе остане доследна на принципите на добрососедски односи и европски вредности. „Ќе изразиме жалење и ќе се повикаме на европската пракса на взаемна почит“, рече премиерот.

Банер

Мицкоски предупреди дека политиките кои ја негираат македонската историја и идентитет и понатаму се присутни во дел од политичките кругови во Бугарија. „Обидот за дефинирање на идентитетот како нешто сегашно е директен атак врз историското постоење на македонскиот народ. За жал, ова покажува дека живковизмот е сè уште жива политичка филозофија во Софија“, изјави тој.

Амандманот треба да биде разгледан во рамки на Европскиот парламент при усвојување на извештајот за напредокот на Северна Македонија. Македонската влада најави дека внимателно ќе го следи процесот и ќе реагира дипломатски доколку тоа биде неопходно.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Амбасади
Приказ на амбасади и дипломатски претставништва на Македонија.
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Следните два дена променливо облачно време, викендот сончево со пораст на температурата

Левица: Николоски заборави на истрагата за ,,Марковски“, ВМРО-ДПМНЕ им дава милионски тендери

Сончево и многу топло, попладне дожд и грмежи

Охрид: Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба

Завршена реконструкцијата на улицата „Атанас Ѓуров“ во Прдејци

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Хроника

Полиција и инспекции открија 26 малолетници по полноќ во објект во Свети Николе

Македонија

Дрога и муниција во Кочани: Девојка и момче завршија со кривични пријави

Хроника

Мерцедес удри во дрво во Битола, четири возила се судрија кај Прилеп

Македонија

Седум полициски службеници осомничени за Тешки дела против општата сигурност

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?