Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Балкан

Во Албанија продадени 10 тони мандарини со пестициди вратени од Хрватска, денеска уапсени три лица

Сподели

Тирана, 26 февруари 2025 (МИА) – Мандарините кои хрватските власти ги вратија во периодот од 29 ноември до 11 декември 2024 година, откако анализите покажаа дека содржат пестициди опасни по здравјето на луѓето, не биле уништени, туку продадени на локалниот пазар.

– Околу ова прашање Обвинителството на Берат веќе подолго време водеше истрага, која беше завршена денеска, со приведување на три лица. Од обвинителството соопштуваат дека се уапсени земјоделец од  оваа област, администратор на откупен центар кој го купил товарот и инспектор од подрачната ветеринарна управа, објавија медиумите.

Тројцата уапсени се обвинети за сторени кривични дела „Повреда на правила за отровни материи“, „Производство и продажба на храна и други материи опасни по здравјето и животот на луѓето“, „Измама со прехранбени производи“ и „Злоупотреба на службена должност“.

- Advertisement -

Како што претходно информираа медиуми мандарини, биле вратени и од Чешка, Италија и Литванија.

-Мандарините содржеле остатоци од неколку супстанции опасни по здравјето на луѓето и се забранети за продажба во ЕУ. Поточно, станува збор за високо присуство од хлорпирифос и фосмет пестициди, кои како несакани ефекти имаат влијание врз развојот на мозокот кај децата, нарушувања на нервниот и ендокриниот систем, како и зголемен ризик од срцеви заболувања и рак, додаваат медиумите.

- Advertisement -
Банер

Анализите потврдиле дека остатоците од пестициди во мандарините биле  од три до 12 пати повисоки од дозволеното со европските регулативи, променети од септември 2023 година.

Мандарини, маслинки и друго овошје и зеленчук произведени во Албанија на големо завршуваат на пазарите во соседните земји, посебно во пограничните косовски и македонски населени места.

Од Вера Тодоровска, Тирана Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Радио станици
Слушајте радио станици од Македонија и Светот.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Полицијата пронашла 31 дете во куќа во Брчко, уапсени три лица за трговија со луѓе

Франција стави вето на напредокот на Црна Гора во преговорите со ЕУ

Кина ја зајакнува својата позиција во БиХ: Нови проекти вредни 500 милиони евра

БиХ: Петмина тешко повредени во вооружен судир кај мигрантскиот камп во Блажуј

Вучиќ: Во следните 10 дена ќе одлучиме дали ќе одиме на избори или ќе формираме нова влада

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Балкан

Косово за три години купило вооружување во вредност од 250 милиони евра

Балкан

За градоначалникот на Тирана, затворски, за сопругата, која е надвор од земјата, куќен притвор

Балкан

Црна Гора во жалост: Загина армиски водник при гаснење пожар – интервенција од меѓународни сили

Утре пресуда за мајката и таткото на детето кое уби 9 ученици и чувар во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?