Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Балкан

Црна Гора во жалост: Загина армиски водник при гаснење пожар – интервенција од меѓународни сили

14.08.2025 12:34
Сподели

Црна Гора денеска го одбележува Денот на жалост поради трагичната загуба на припадникот на Армијата, водникот Дејан Божовиќ, кој го загуби животот при гаснење на пожар во селото Кучи, кај Подгорица.

Пожарите продолжуваат да беснеат во подрачјата на Подгорица и Тузи, при што најкритична беше ситуацијата во селата Мрке, Петровиќи и населбата Диноша. Противпожарните екипи, волонтери и други служби цела ноќ се бореа со огнената стихија, спасувајќи куќи и штитејќи животи. Во Тузи, една куќа била сериозно загрозена, додека во Пипери и Кучи, каде вчера изгореа неколку куќи и објекти, пожарот е ставен под контрола.

Според првичните информации, постои сомневање дека пожарот во Кучи бил предизвикан од 14-годишно дете, а властите веќе користат дронови за да откријат евентуални други намерни подметнувања.

Банер Банер BrandEcho

Во борбата со пожарите се повредени двајца пожарникари – едниот со повреда на окото, а другиот со изгореници на раката.

Црногорската влада потврди дека 14 август е прогласен за Ден на жалост во чест на водникот Божовиќ, кој животот го загуби херојски извршувајќи ја својата должност.

Во гаснењето активно се вклучија и меѓународни сили. Помош пристигна од Хрватска, Србија, Унгарија и Босна и Херцеговина. Хрватски канадер извршил 10 налети и испуштил 70 тони вода, српски хеликоптер 60 налети со 210 тони, унгарски хеликоптер 12 налети со 36 тони вода, а дополнително пристигна и хеликоптер од БиХ. Се очекува и пристигнување на пожарникарска екипа од Австрија.

Црна Гора се соочува со едни од најтешките пожари ова лето, а надлежните институции остануваат во состојба на целосна мобилизација додека трае борбата со огнот.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за недостаток на сон
Пресметајте за тоа колку сон ви недостасува.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Вучевиќ: Во септември 2025 година првата класа на Војската на Србија од редовниот регрутен состав

На атинското пристаниште Пиреас запленети 54 килограми кокаин во вредност од 2,35 милиони евра

Приведен градоначалникот на Истанбул во антикорупциска акција

Руска амбасада во Сараево: Акциите на САД може да доведат до распаѓање на Босна и Херцеговина

Страшно злосторство во Калесија: Маж ја уби сопругата и синот, полицијата трага по него

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Балкан

Парламентарни избори во Косово

Земјотрес со јачина од 6,1 степен во близина на грчкиот остров Крит (ДПЛ)

Балкан

Очекуваната инфлација во Босна и Херцеговина за 2026 година изнесува 3,4%

Балкан

Вучиќ: Време е за акција, доста е од блокадите во Србија

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?