Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Локално

Во чест на Илија Џаџев- Општина Гевгелија му возврати со вечен спомен: свечено откриена неговата скулптура

Сподели

Во знак на благодарност и длабока почит кон човекот кој со својата музика и педагошка работа ја збогати културната и општествената сцена на градот, Гевгелија му возврати со вечен спомен-спомен-обележје што засекогаш ќе ги чува ликот и делото на Илија Џаџев. Во рамки на програмата „Гевгелија град на културата за 2025 година“ и во чест на Општинскиот празник- 7 Ноември, Денот на ослободувањето на Гевгелија, на самиот ден на празникот, свечено беше откриено спомен-обележјето на истакнатиот гевгелиски музичар, автор и долгогодишен професор по географија- Илија Џаџев.

Настанот се одржа на платото пред Народниот театар- Гевгелија, во присуство на претставници од: Општина Гевгелија, збратимените општини, институции, културниот живот на градот, бројни граѓани, членовите на семејството на Џаџев- неговите деца Софија и Никола и авторот на скулптурата, Перо Кованцалиев.

На свеченото откривање се обрати градоначалникот на oпштина Гевгелија, Андон Сарамандов, кој истакна дека со овој чин градот му оддава признание на човекот кој со својата работа и харизма ја облагородил културната и општествената сцена на Гевгелија:

- Advertisement -

– Денешниот ден ќе остане запаметен во историјата на Гевгелија. Во присуство на членовите на фамилијата Софија и Никола, свечено го откриваме спомен-обележјето на професорот Илија Џаџев. Човекот кој скромно, но длабоко ја има збогатено културната и општествената слика за нашиот град. Наш аманет е да ги пренесеме неговите вредности на генерациите понатаму. Гевгеличанецот Илија Џаџев денес го добива местото за негов вечен спомен пред Домот на културата, во центарот на Гевгелија, каде и самиот поминал дел од својот животен и професионален пат.

На откривањето на спомен-обележјето се обрати гевгелискиот уметник и современик на Џаџев- Јордан Дане Јанев, кој со емоции потсети на неговото животно дело:

– Стоиме пред споменикот на човек кој со својата музика, човечност и добрина остави неизбришлива трага во нашиот град. Илија беше повеќе од музичар, тој беше уметник кој знаеше секоја нота да ја претвори во емоција и секој настап во празник. Неговата музика беше приказна за љубовта кон човекот, животот и кон Гевгелија- потсетувајќи дека Џаџев е и организатор на првата гитаријада во градот и основач на списанието „Јужен глас“, преку кои го поддржувал младото творештво.

Со емотивен тон се обрати и ќерката на Џаџев- Софија, која се заблагодари на градоначалникот Сарамандов и на Општина Гевгелија за честа што му ја укажаа на нејзиниот татко.

По откривањето на спомен-обележјето од страна на градоначалникот Сарамандов и ќерката на Џаџев, Софија, следеше полагање цвеќе од делегации на Општина Гевгелија, политички партии и граѓански организации. Настанот беше збогатен и со дефиле на над 1.000 ученика од нижите одделенија во основните училишта на подрачјето на Општина Гевгелија, кои со песни, насмевки и знаменца придонесоа за празничната атмосфера. Како и со хорски изведби на Детското градско хорче „Божилак“ и доделување награди на ученици кои учествуваа на распишаните Литературен и Ликовен конкурс по повод 7 Ноември од страна на Училиштата, со награди обезбедени од Општина Гевгелија.

Џаџевата скулптура е финансирана од Општина Гевгелија преку Програмата за истакнување значајни настани и истакнати личности со спомен-обележја за периодот 2024-2025 година. За реализацијата на оваа иницијатива, локалната самоуправа формираше Одбор за имплементација, кој спроведе Јавен повик за избор на уметничко решение. Автор на спомен-обележјето е м-р Перо Кованцалиев, скулптор кој преку современ уметнички израз, излиено во бронза, го овековечи ликот и делото на Џаџев, прикажувајќи го со неговиот препознатлив инструмент- хавајската гитара.

Со поставувањето на ова спомен-обележје, Гевгелија добива уште едно вредно културно обележје што ќе потсетува на еден од највлијателните музички и педагошки дејци на градот- човекот што преку својата хавајска гитара, својата благост и својата посветеност остави трајна вредност за идните генерации.

Извор:gevgelija.gov.mk

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Информативен калкулатор за пресметка на данок на моторни возила
Информативен калкулатор за пресметка на данок на моторни возила
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

ДУИ со листа за совет на Општина Карпош

Известување до јавноста: Локации и организациски насоки за „Пастармалијада 2025“

Кривична пријава за маж од Македонска Каменица поради семејно насилство

Велешката „ПИТИЈАДА“ започна со вистински спектакл – вкусна пита, врвно вино и музика што ги обедини сите генерации!

Мини фудбалски терен во дворот на Подрачното училиште во Кованец

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Локално

Аеродром: Целосна реконструкција на водоводната мрежа на улица 2 во Долно Лисиче

Локално

Староградската песна и музика – вечни чувари на традицијата: Концертот на „Распеани гевгеличани“ ја разбуди душата на градот

Локално

Центар за јавно здравје Велес.: Природните чешми во Велес се епедемиолошки несигурни и со непостојан квалитет

Локално

Без вода корисниците на дел од улиците „Ловченска“ и „Леринска“ во Општина Карпош

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?