ДУИ со листа за совет на Општина Карпош

ФОТО: Македонија Денес / makedonijadenes.mk

До крајот на законскиот рок до ОИК Карпош кандидатска листа за членови на советот на Општина Карпош поднесе и политичката партија ДУИ.

Носител на првата кандидатска листа на политичка партија од албанскиот блок за Општина Карпош е 42 годишниот Лјирим Кадриу. Зад него се наоѓа Ерза Елези додека Феми Ајдини е на третата позиција.

Покрај ДУИ, кандидатски листи за советот поднесоа Движење ЗНАМ, Левица, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, СДСМ и коалицијата, ГРОМ и коалицијата, Коалиција за зелена иднина, МААК, како и двете независни листи на Огнен Дедиќ и Татјана Чакулев.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава