Денеска во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово и Ростуша и Центар Жупа се одржаа повторните избори за избор на градоначалник. И на овие избори излезеноста беше ниска, речиси идентична како и на изборите во октомври минатата година.
Невообичаено беше во Центар Жупа каде очекувано победи единствениот кандидат, Аријан Ибраими од редовите на ДПТМ. Освои 97,01% од гласовите или 973. Излезеноста на 16-те избирачки места беше 13,26%.
Во Маврово и Ростуша победи Онер Јакуповски од редовите на Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Јакуповски освои 65,51% од гласовите, нешто повеќе од двојно во однос на Анес Ахмени од Коалицијата предводена од СДСМ.
НАИ предводена од ДУИ победи во Гостивар и Врапчиште. Ваљбон Лимани со 64,50% од гласовите победи пред Невзат Бејта од Коалицијата ВЛЕН во Гостивар, а во соседната општина Врапчиште победи Исен Шабани со 61,59% од гласовите.

