Јакимовски: Радари за контрола на брзина пред секое училиште и градинка во Општина Карпош

Стевчо Јакимовски, актуелниот градоначалник на Општина Карпош и кандидат за нов мандат, најави радари пред сите градинки и училишта во општината.

“Пред секое училиште и градинка во Карпош ќе бидат поставени радари за контрола на брзината. Тендерот е веќе распишан.

Ова не е само мерка — ова е грижа. Со резултатите од мерењата ќе преземеме дополнителни чекори за да осигуриме дека нашите најмлади се движат безбедно – и пред училиштата, и по улиците на Карпош.

Карпош мисли на децата. Безбедно детство, безбеден Карпош.“ – посочи Јакимовски

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава