Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Балкан

Во Тирана се одржува 51. Регионална конференција на Интерпол за Европа, Ал Раиси: Глобалната безбедност останува приоритет

Сподели

Тирана, 11 јуни 2024 (МИА) – Претседателот на Интерпол, Ахмед Насер Ал Раиси на 51. Регионална конференција на Интерпол за Европа, што денеска почна во Тирана, и ќе трае до четврток, оцени дека „глобалната безбедност останува приоритет“.

Во своето излагање нагласи дека соработката во борбата против криминалот е многу значајна, додавајќи дека постои „добра соработка меѓу Интерпол и Европа, порачувајќи дека „заедно сме посилни“.

Ахмед Насер Ал Раиси дополнително високо ја оцени улогата на Албанија, додавајќи дека таа покажала дека е добар пример за меѓународна соработка.

- Advertisement -

– Придонесот на ЕУ во проектите на Интерпол е многу важен. Клучна улога игра и Извршниот комитет на Интерпол. Европскиот извршен комитет исто така игра важна улога и нивниот придонес е исто така важен. Овие соработки се важни за глобалната безбедност. Интерпол успеа да има нови алатки и нови решенија и да ги зајакне полициските капацитети во 196 земји-членки. Во 2023 година, со поддршка на европските партнери, земјата постигна значителен напредок, рече тој.

Учесниците ги поздрави домаќинот, албанскиот министер за внатрешни работи, Таулант Бала, порачувајќи дека „Албанија останува посветена на борбата против организираниот криминал и корупцијата“ и оти вистински предизвик на полицијата е да ги открие виновниците и да ги изведе пред лицето на правдата.

Според Бала, резултатите што ги постигнала државната полиција ја направиле меѓу најдоверливите институции во Албанија.

– Албанија останува многу посветена на борбата против организираниот криминал, корупцијата и наркотиците. Направивме реформа во правосудниот систем, за зајакнување на владеењето на правото во институциите и почнавме да ги собираме сите добри резултати. Потврдуваме дека Албанија е посветен и доверлив партнер и ќе остане подготвена за соработка. Денес имаме многу предизвици на полето на безбедноста. Организираниот криминал, кибер криминалите бараат брза координација и одговор, рече Бала.

Регионалната конференција ќе трае и следните два дена, а на неа учествуваат околу 200 претставници од агенциите за спроведување на законот од европските земји.

Од Вера Тодоровска, Тирана Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Колку вода треба да пиеш?
Калкулатор за количината на вода што треба да ја конзумираш.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Студентите во Ниш: Ова веќе не е наш протест

Камионџиите од Србија и БиХ најавуваат блокада на хрватските граници: “Ситуацијата е критична!”

Онлајн продавница во Грција казнета со 120.000 евра поради измами на потрошувачите

Во Србија повик за бојкот на големите трговски ланци во петок

Во Хрватска минатата година за 100 отсто е зголемен бројот на доброволци за служење воен рок

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Балкан

Ердоган: Турција може да посредува помеѓу Руанда и ДР Конго

Балкан

Словенија воведува нови закони по трагичниот инцидент во Ново Место

Балкан

Вучиќ: Србија купува 12 нови авиони Рафал од Франција за 2,7 милијарди евра

Балкан

Република Српска: Референдумот како израз на народната волја

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?