Во пресрет на големиот христијански празник Богојавление Водици, Општина Велес ги повикува сите заинтересирани православни христијани кои сакаат да учествуваат на традиционалното фаќање на светиот крст од водите на река Вардар, да се пријават во просториите на Повардарската епархија денеска до 16:00 часот.
Чинот на фрлање на светиот крст ќе се одржи во понеделник, 19 јануари, во водите на река Вардар под Мало мовче, со почеток во 11:00 часот. Пред самиот чин ќе се одржи божествена литургија со која ќе чиноначелствува Митрополит повардарски Г. Агатангел.
Извор:veles.gov.mk
▶ Случајно видео
Пробај ја и оваа алатка:

