Ивана Ѓорѓиевска е претседателка на Совет на Општина Куманово

На првата конститутивна седница на Советот на Општина Куманово, советниците ја избраа за претседателка Ивана Ѓорѓиевска. Седницата ја водеше Срѓан Ѓорѓевиќ.

Советот на Општина Куманово, за мандатниот период 2025 – 2029  година, е составен од 31 член, од следните политички партии (субјекти): ЗНАМ – 7 члена, ВМРО ДПМНЕ – 6 члена, ДУИ – 5 члена СДСМ – 4 члена, ДПСМ – 3 члена, ВЛЕН – 3 члена, група избирачи ИП (Иван Петковски) – 2 члена и Левица – 1 член.

На конститутивната седница присуствуваа градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, секретарот Емилија Сларидис Јаневска, претставници од општинската администрација, претставници од општинските јавни претпријатија и установи, претставници од Собранието и Владата на РСМ и од ОБСЕ.

Извор:kumanovo.gov.mk

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава