Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Интервју

Воениот аналитичар Дарко Тодоровски за конфликтите на Блискиот Исток – ситуацијата ќе ескалира во блиска иднина

Сподели

Децении наназад војување на Блискиот Исток. Една година од терористичкиот напад на Хамас врз Израел. Зошто Хамас се одлучи на ваков чекор, кој има корист од конфликтот, кој на кому му дава поддршка, како воените немири влијаат на Балканот, има ли надеж за крај на конфликтот…разговораме со воениот аналитичар Дарко Тодоровски – истражувач, кандидат за докторат на Руската претседателска академија за национална економија и јавна администрација.

1. Иако немирите меѓу Израел и арапските земји траат со децении наназад, помина точно една година од денот што го промени Блискиот Исток – Хамас изврши терористички напад врз Израел. Зошто Хамас се одлучи на таков чекор?

Д.Т. Хамас како причини за нападот ги наведе делумната блокада на Појасот Газа од страна на Израел, и судирите околу џамијата Ал Акса. Очигледно околу нападот Хамас се консултирал со Иран. Од друга страна, Хамас сакаше да го активира повторно палестинското прашање во арапскиот и муслиманскиот свет, и ширум светот. За разлика од минатото, палестинското прашање не е повеќе прашање број 1 во арапскиот свет, и тоа се гледа и по реакциите на арапските држави после 7-ми октомври. Судејќи според се, Хамас погреши во свите проценки, и цената ја плаќа палестинскиот народ во Појасот Газа, како и Блискиот Исток.

- Advertisement -

2.Кој има корист од Израелско-Иранскиот конфликт?

Д.Т. Видете, Израелско-Иранскиот конфликт преку посредници или на териториите на други држави е активен повеќе од 20 години, посебно после Втората израелско-либанска војна во 2006 година. После нападот на Хамас на 7-ми октомври 2023 година, воено-политичкото раководство на Израел под водство на премиерот Нетанјаху решија дека е дојдено времето за создавање на „Нов Блиски Исток“. Израел се реши не за менување на сегашната конфигурација на Блискиот Исток, а за создавање на Нов Блиски Исток, без Иран под водство на ајатолахот и шиитските милиции и организации ширум Блискиот Исток. Израел сака да обезбеди стратешка безбедност за себе на Блискиот Исток во наредните 20-30 години. Колку ќе успее Израел во својата стратегија останува да видиме.

Корист од конфликтот помеѓу Израел и Иран имаат некои арапски држави, но индиректно, тоа се Саудиска Арабија и ОАЕ, бидејќи конфликтот ќе ја намали моќта на Иран во регионот. Најголема загуба има САД, бидејќи може да се сруши целата нивна стратегија на Блискиот Исток. Загуба има и Русија, бидејќи во услови на успех на израелската стратегија, Русија може да ги загуби Сирија и Иран како свои партнери.

Почнувајќи од април 2024 година Израел ја превзеде стратешката иницијатива во свои раце на Блискиот Исток, и како резултат на неколку операции против Иран и неговите сојузници го принуди Иран да ја напушти својата стратегија „Стратешко трпение“. Како резултат на израелскиот напад врз иранскиот конзулат во Дамаск Сирија во април 2024 година, убиството на лидерот на Хамас Ханија кон крајот на јули во Техеран, Иран, убиството на лидерот на Хезболах и ирански советници на 27-ми сепрември 2024 година во Бејрут, Либан, Израел успеа да го принуди Иран директно да му одговори два пати на Израел, и со тоа да му даде одврзани раце на Израел за воени напади против Иран. Иран по секоја цена избегнуваше отворен директен конфликт против Израел, и стратегијата на Иран беше да војува против Израел со рацете на своите шиитски милиции и сојузници на Блискиот Исток. За таа цел Иран повеќе од 20 години ја спроведуваше стратегијата „Стратешко опкружување на Израел преку Оските на отпорот“. Но тоа е веќе минато, и Израел и Иран денес директно разменуваат удари помеѓу себе.

3. На 27-ми октомври Израел изведе масовен воздушен напад врз Иран, како резултат на Иранскиот масовен ракетен напад врз Израел на 1 ви октомври. Дали светот е на работ на нов голем регионален конфликт?

Д.Т. Да, како што претходно најави премиерот на Израел Нетанјаху, Израел директно му одговори на Иран. Под кодно име „Денови на покајание“ воено-воздушните сили на Израел изведоа сложена операција за уништување на 20 различни цели ширум Иран. Во нападот учествувале повеќе од 100 различни израелски борбени авиони, кои што лансирањето на балистичките ракети ги извршиле од источниот дел на Јордан и Сирија, од западниот дел на Ирак и од територијата на Иран. Израел прв пат јавно изјави дека Израелската армија „врши прецизни напади врз воени цели во Иран“. Во сите претходни тајни операции против Иран, Израел не превземаше одговорност. Јасно е дека Израел ги координирал своите дејства со САД. Ваквиот израелски воен одговор не е целосен воен успех за Израел, но е дипломатска победа за САД, кои што успеаја да го принудат Нетанјаху на ограничен напад врз Иран. Нападот на Израел беше ограничен на воени цели, а не на нуклеарните или нафтените постројки на Иран. Нападнати се десетици стратешки ирански воениобјекти, вклучително и фабрики за производство на ракети, фабрики за производство на тврдо гориво за балистички ракети, фабрика за производство на дронови, бази за лансирање ракети, како и ПВО системи.

Повеќе ирански официјални лица, меѓу кои и ајатолахот Хомеини, како и претставникот на Иран во ООН, изјавија дека Иран директно ќе одговори на израелските воздушни напади. Она што е интересно, е дали Иран ќе му одговори на Израел до претседателските избори во САД, или после изборите. За наредната година Иран ќе го зголеми буџетот за одбрана за 200%, и сето тоа е сигнал дека Иран е подготвен да војува на долги стази. Во иднина ќе продолжи размената на директни удари помеѓу Израел и Иран, и интензитетот на истите ќе се зголемува. Опасноста од регионална војна е голема, но има еден клучен момент кој што таквата можност ја прави нереална, а тоа е дека помеѓу Израел и Иран нема копнена граница, и како резултат на тоа, ќе продолжи прокси конфликтот на териториите на други држави, пред се Либан и Сирија, но и на териториите на Јемен и Ирак. Прокси и тајната војна помеѓу Израел и Иран премина во жестока фаза на 7-ми октомври 2023 година, кога Хамас изведе напад врз Израел.

4. Главниот организатор на големиот напад што се случи на 7ми октомври пред една година-Синвар, е убиен. Дел од западните земји изразија “надеж” за крај на конфликтите. Дали убиството на Синвар ќе го ослаби или пак ќе го зајакне отпорот во Регионот?

Д.Т. Видете, се работи за неколку одвоени конфликти, кои што се разликуваат помеѓу себе, без разлика што се дел од прокси конфликтите кои Израел и Иран ги водат помеѓу себе на Блискиот Исток. Во тој конфликт се вклучени покрај Хамас, Хезболах и Иран, уште и Сирија, иракскиот Катаиб Хезболах, како и Хутите од Јемен. Сите тие се дел од иранската „шиитска полумесечина“ на Блискиот Исток. Деновиве во Катар се водат преговори помеѓу представници на Израел и Хамас, каде што посредник е САД, во лицето на шефот на ЦИА Бернс. Според некои информации, има напредок кога се во прашање преговорите околу заложниците. Но за да се стави крај на конфликтот помеѓу Израел и Палестина е потребно решавање на палестинското прашање, односно создавање на Палестинска држава во согласност со резолуцијата бр.181 на ООН од 29 ноември 1947 година. Израел не е готов на такво решение, и затоа конфликтот ќе биде активен и во иднина но со различен интензитет.

5. Дали е можно сценариото за Израел да остане без поддршката од Западот? Се чини дека се повеќе земји ја признаваат Палестина како држава (поправете ме ако грешам) а на западните земји како да им е се потешко да стојат на страната на Израел?

Д.Т. За Израел најважна е поддршката од страна на САД, и делумно од страна на Германија. За САД, Израел е стратешки сојузник број 1 во светот, и за Израел САД се подготвени да војуваат. Доколку Трамп стане претседател, голема е веројатноста од заедничка воена операција на Израел и САД против Иран. Трамп на секој можен начин ќе ги принуди европските држави повторно да го поддржуваат Израел, и воено да соработуваат со Израел, исто така Трамп ќе се обиде да ги принуди арапските држави, пред се Саудиска Арабија, да склучат договор со Израел за негово признавање. Деновиве САД додатно распоредија на Блискиот Исток 20 борбени авиони Ф-16 и 12 летачки танкери. А кон Блискиот Исток се приближува и армадата 100 000 тона воена дипломатија, односно носач на авиони со ударната група. Тоа е јасен сигнал до Иран.

6.Имаат ли влијание конфликтите од Блискиот Исток за Балканските земји?

Д.Т. Директно влијание не, индиректно да. Во случај на ескалација на конфликтот на Блискиот Исток, можно е повторно Балканот да се соочи со наплин на мигранти од Блискиот Исток, кои што ќе се обидат да стигнат до земјите од северна Европа.  Во случај на израелски напади врз нафтената индустрија на Иран, ќе дојде до зголемување на светските цени на нафтата, а тоа ќе значи зголемување на цените и инфлација на Балканот.

7. Кое е најлошото сценарио што може да му се случи на Блискиот Исток?

Д.Т. Најлошото сценарио е Израел со помош на САД да извршат масовни воздушни и ракетни напади за уништување на иранските нуклеарни објекти ширум Иран, од кои што дел се наоѓаат под земја. Во тој случај, Иран може да изведе масовен ракетен напад врз нуклеарните објекти на Израел кои се наоѓаат во Димон. Сето тоа може да доведе до радијација и контаминација на воздухот и почвата на Блискиот Исток и пошироко. Но таквата варијанта во моментов е ниска.

8. Светските лидери повикуваат на прекин на огнот. Има ли клучен момент за да дојде до преговори и смирување на конфликтите?

Д.Т. Во моментов не постои таква опција за долготраен мир на Блискиот Исток. Овој конфликт е егзистенцијален и за Израел и за Иран. Во моментов нема предуслови за завршување на израелско-иранскиот конфликт кој што се одвива ширум Блискиот Исток. Конфликтот во блиска иднина ќе ескалира.

Н.З.

 

 

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за ризик од прегорување
Колку си под ризик од прегорување (burnout)?
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Павел Иванов: Со труд, визија и транспарентност ќе го вратиме достоинството на Штип

Марјан Пеев: Ќе ја вратиме функционалноста на јавните институции и довербата во локалната власт

Анимирани џиновски торти што се вртат, светат и свират – влезете во магијата на струмичката слаткарница Канела

Митовски: Ќе продолжиме со истото темпо – конкретни проекти, видливи резултати и силна посветеност

Стојковска: Мојата визија е град на надеж, можности и достоинство за секој прилепчанец

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Интервју

Дарко и Жарко Масларковски: Три децении рап, три децении верност кон сцената

Интервју

Интервју со градоначалникот Иван Гоцевски: “Ѕвегорска сурова” е живиот симбол на традицијата во Делчево

Интервју

Предновогодишно интервју со градоначалникот Сашко Митовски – Горд сум на Крива Паланка како уреден, среден и функционален град

Интервју

Добрила Андоновска: Искуството гарантира успех – континуитетот на проектите е клучен за развојот на Карпош

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?