На 19 јануари 2026 година околу 20:00 часот, во СВР Скопје било пријавено пукање во движење во селото Арачиново.
Според пријавата, О.Ј. (33) од село Черкези, кумановско, изјавил дека околу 17:20 часот, додека се движел со патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, од друго возило во движење – „фолксваген пасат“ – биле испукани неколку истрели.
Како последица на пукањето, било оштетено ветробранското стакло на возилото со кое управувал пријавителот. Во инцидентот, според досегашните информации, нема повредени лица.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот, како и за утврдување на идентитетот на лицата инволвирани во инцидентот.
▶ Случајно видео
Пробај ја и оваа алатка:


