Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Хроника

Продолжува гасењето на пожарот кај кочанското село Пресека, пожарникарите добија поддршка од хеликоптери

14.08.2024 12:35
Сподели

Кочани, 14 август 2024 (МИА) – Противпожарните единици од Кочани и регионот во текот на ноќта и од утрово продолжија со гасењето на шумскиот пожар што вчера го зафати атарот на кочанското село Пресека на Осоговските Планини, а се прошири и кон селото Цера во општина Македонска Каменица.

Проблем во интервенцијата е стрмниот и непристапен терен, поради што пожарникарите утрово добија и поддршка од воздух. Огненените јазици, кои со помош на ветерот достигнуваат и над 20 метри, веќе опустошија околу 150 хектари висококвалитетна борова и дабова шума, како и нискостеблести растенија.

-Се обидуваме пожарот да го ставиме под контрола, на одделни позиции успеавме, но сепак тоа сè уште не е задоволително. Се работи за два пожара, од страната на селото Цера и овој откај Пресека кои се споија во еден, но успеавме огнот од церската страна да го изгаснеме. На одредени места, пред сè долови и засеци што се искачуваат од речното корито од страната на Пресека, сè уште има сериозни жаришта. Утрово добивме поддршка и од хеликоптерите што ги координира ЦУК. Нашата единица е овде со две екипи и две противпожарни возила, а помагаат и колегите од Виница, од Македонска Каменица, од Доброволното противпожарно друштво од Кочани, вработени во шумското стопанство, како и месно население, истакна Сашо Мијалов, заменик командир на ТППЕ – Кочани.

Банер Банер BrandEcho

Со интервенцијата на пожарникарите кај Пресека ноќеска била отстранета опасноста за викендичка во која престојувале луѓе.

Пожарникарите очекуваат до крајот на денот пожарот да биде целосно локализиран и ставен под контрола, но како превентива од повторно разгорување можно е една екипа да остане и во текот на вечерта.

Од Тони Ајтовски/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за недостаток на сон
Пресметајте за тоа колку сон ви недостасува.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Ја допирал па ѝ украл пари – драма во Драчево

21.178 сообраќајни прекршоци во текот на месец мај

Срам во Бутел: Украдена бронзена биста од гробот на Стале Попов!

Претрес во Штип, пронајдени разни видови дрога, определен притвор за дилерот

Вознемирувачки инцидент во Драчево: малолетник почувствувал удар, пронајдено зрно

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Хроника

Поднесено обвинение за демнење во Крушево

Хроника

Почина Игор Југ – еден од осудените за случајот “27 април”

Хроника

Претрес во Кавадарци, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

Хроника

Осомничен за производство на марихуана во Ајватовци, ОЈО Скопје поведе истрага

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?