Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Захарова им порача на Украинците да не го слушаат НАТО

Сподели

Москва, 18 мај 2025 (МИА) – Киев би имал поголеми шанси за решавање на конфликтот со Русија кога би се спротивставил на малигното влијание на НАТО, кое ги попречува напорите за мир, изјави вчера портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Захарова реагираше на изјавите на украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха за резултатите од состанокот во Истанбул, кој ги означи првите директни преговори меѓу Киев и Москва од 2022 година. Преговорите резултираа со договор за голема размена на заробеници меѓу Русија и Украина, како и договор за размена на списоци со услови за можно примирје и разговори за следната средба.

– Ако ги оставиме настрана сите руски глупости, псевдо-историски изјави, провокации и така натаму, суштината е следна: успеавме да договориме враќање на 1000 наши луѓе. Тоа се 1000 среќни семејства. Веќе и поради тоа сето ова има смисла, изјави Сибиха.

- Advertisement -

– Сето „ова“, рече Захарова, мислејќи на преговорите, „го предложи Русија – нејзиниот претседател – и го спроведе делегација овластена од шефот на државата, а Зеленски ја исмеваше цел ден.“

Таа исто така истакна дека, ако се занемарат навредите, Сибиха всушност признава дека „руските предлози во суштина имаат смисла“.

– Главно е граѓаните на Украина да не дозволат „НАТО советници“ повторно да ги одведат од вистинскиот пат на решение во бездната на туѓи интереси, предупреди Захарова.

Русија и Украина одржаа директни мировни преговори во Истанбул во 2022 година, кусо по ескалацијата на конфликтот. Иако страните на почетокот постигнаа напредок и договорија рамковен договор, преговорите подоцна пропаднаа откако Киев еднострано ги напушти поради, за нив, нереалните барања на Русија.

Москва подоцна тврдеше дека преговорите пропаднале поради тогашниот британски премиер Борис Џонсон, кој го советувал Киев да продолжи со борбата. Иако Џонсон тоа го негираше, Давид Арахамија, кој тогаш ја водеше украинската делегација, призна дека поранешниот премиер имал влијателна улога во одлуката за прекин на преговорите.

Оттогаш, Русија повеќепати ги обвинуваше западните влади дека ја користат Украина како „овен за пробивање“ против Русија и оти водат конфликт „до последниот Украинец“. Сепак, истакна дека САД почнале да го менуваат својот пристап кон решавање на конфликтот под претседателот Доналд Трамп.

Од Јасмина Тасевска Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Македонски филмови
Гледајте македонски филмови на едно место.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Русија стави крај на активностите на „Human Rights Watch“

Словачка се дистанцира од воената помош за Украина

Трамп ја истакна својата позиција за Западниот Брег

Дали е време за вистински дијалог во ДР Конго?

Евакуиран француско-швајцарскиот аеродром Базел-Мулхаус поради безбедносни причини

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Свет

Лула: Карибите не смеат да станат воено жариште

Ким во писмо до Путин вети дополнително зајакнување на врските со Русија

Балкан

Трагедија во Алпите: Американец загина при искачување на Триглав

Турската полиција заплени накит и антиквитети во вредност од 25 милиони евра

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?