Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Балкан

Завод за статистика на Србија: Државата трета деценија е во депопулација

Сподели

Белград, 28 март 2025 (МИА) – Трета децанија Србија е во депопулација – намалување на бројот на жители, каде доминира негативниот природен прираст, се нагласува во студијата објавена денеска на Републичкиот завод за статистика (РЗС) „Населението на Србија – динамика и структури, 2022 година“, јави дописникот на МИА од Белград.

Намалувањето на вкупното население во земјата од 8,0 отсто меѓу последните два пописи е значително регионално нерамномерно, со најнеповолни движења во источните и јужните делови на државата.
Сепак, градот Белград се уште не се соочил со пад на населението поради позитивниот биланс на внатрешната миграција, додека емигрирањето е најизразено во северна Војводина.

Во Србија има големо намалување на бројот на жени во репродуктивна возраст, што, како што посочуваат од РЗС, ќе има директно влијание врз идните демографски процеси.

- Advertisement -

Драматичен пресврт има и во родовиот јаз во образованието – постарите генерации имаат повеќе образовани мажи, додека кај помладите генерации жените во просек достигнуваат повисоки нивоа на образование.

Од 10 општини со најдобри образовни резултати, осум се од центарот на Белград, додека руралните општини на исток и југоисток се меѓу најлошите.

Бројот на домаќинства е зголемен, но просечниот број на членови на домаќинствата се намалува, па во 2022 година, кога е спроведен последниот попис, тој изнесувал 2,6.

Забележливо е зголемување на уделот на домаќинствата со едно лице, кои сочинуваат една третина од сите домаќинства во Србија.

Експертите од РЗС укажуваат дека има се помалку семејства на брачни парови, со и без деца, додека семејствата на невенчани парови и семејства со самохрани родители се во пораст.

Од Златко Шумковски извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Платен промет
Шифри за платен промет и ознаки на општини.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Косово за три години купило вооружување во вредност од 250 милиони евра

„Нема бензин, ако не носиш кацига“ – кампања на Министерството за здравство на Грција

Земјотрес со јачина од 3,7 степени ја потресе Србија

Албанија одби да прими азиланти од Велика Британија

Во Србија регистрирани 20 пациенти заболени од западнонилска треска

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Балкан

Косовскиот министер за регионален развој Фикрим Дамка уапсен во Призрен

Балкан

Истанбул го има најпрометниот аеродром во светот

Балкан

Земјотрес од 6,1 степен ја погоди Турција – едно лице загина, најмалку 29 повредени

Балкан

Турски новинар: “Не можете да ја обвинуваате цела Турција за вашите проблеми!”

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?