Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

Сподели

Киев, 13 мај 2025 (МИА) – Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека ќе направи сè неделава да се одржи најавената средба со Владимир Путин.

-Доколку Путин не е подготвен да дојде во Анкара, Ердоган и јас сме подготвени да одлетаме за Истанбул. Ќе направиме сè за да се случи таа средба, рече Зеленски.

„Никој освен мене не може да преговара со Путин. Тоа се мои должности“, рече тој, а потоа додаде: „Ако нема средба со Путин, нема да има ни резултати. Сè веќе отиде предалеку.“

- Advertisement -

-Путин се плаши од директни преговори со мене, тврди Зеленски во изјавата на Х, додавајќи дека „доколку Путин не дојде и продолжи да ги игра неговите игри, тоа е последен доказ дека не сака да ја запре војната“.

Зеленски додаде дека, доколку преговорите не успеат, очекува „строги санкции“ од САД и Европската Унија, бидејќи тоа би покажало дека Русија не е подготвена за дипломатија.

За потсетување, директните преговори меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин треба да се одржат во четврток во Истанбул, со потенцијално учество на американскиот претседател Доналд Трамп.

Најавената средба претставува најнов обид на меѓународната заедница да посредува за завршување на војната што трае повеќе од три години.

Зеленски го потврди своето пристигнување во Турција и го покани Путин да се придружи, нагласувајќи дека е подготвен да направи сè за да се одржи состанокот.

Путин предложи преговори без предуслови, но сè уште не го потврди своето учество. Кремљ ги отфрли барањата на Западот за 30-дневен прекин на огнот како „ултиматуми“ и сè уште не е јасно дали Путин лично ќе присуствува на состанокот.

Засега е нејасно и дали американскиот претседател Трамп, кој моментално е на турнеја по  Блискиот Исток и изрази подготвеност да учествува во евентуалните разговори во Истанбул, навистина и ќе им се приклучи доколку оцени дека тоа би можело да биде корисно.

Зеленски го поздрави неговото евентуално присуство, велејќи дека тоа би можело да помогне во постигнување на мирот во Украина.

Од Сашко Димевски Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Поважни телефони
Телефонски броеви од државни и јавни институции.
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Нетанјаху предупредува: Палестинската држава е закана за Израел

Макрон: Европа мора да биде подготвена за војна ако сака мир

Суспендиран полски новинар кој песната на Ленон на отворањето на ОИ ја нарече „визија за комунизмот“

Трамп го прогласи глобалниот даночен договор на ОЕЦД за неважечки во САД

Молдавија: Опозицијата ги оспорува резултатите од изборите поради странски влијанија

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Кабинетот на Нетанјаху: Постигнат договор со Хамас во Каиро за ослободување заложници

Тинејџери нападнати во библиотека – еден во болница со тешки повреди

Свет

Ердоган: Без Турција, светските конфликти не можат да се решат!

Балкан

Милановиќ: Хрватска не смее да живее од долгови без план за враќање

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?