Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Зеленски со Фон дер Лајен: Украинскиот „План за победа“ зависи од брзите одлуки на сојузниците

20.09.2024 17:25
Сподели

Киев, 20 септември 2024 (МИА) – Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, за време на денешната посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон Лејен, на Киев изјави дека „Планот за победа“ на Украина во војната против Русија зависи од брзите одлуки што ќе ги донесат сојузниците оваа година.

На заедничката прес-конференција со шефицата на ЕК, Зеленски рече дека Украина планира да го искористи предложениот заем од повеќе милијарди долари од Европската унија за купување на системи за противвоздушна одбрана, енергија и оружје од домашно производство.

Тој посочи дека американскиот претседател Џо Бајден е клучната личност за спроведување на „Планот за победа“, за кој, како што рече, двајцата лидери ќе разговараат кога ќе се сретнат следната недела во САД, пренесуваат британските медиуми.

Банер Банер BrandEcho

-Повеќето одлуки од планот зависат од него (Бајден). И од другите сојузници, но има одредени точки кои зависат од добрата волја и поддршката на САД, рече Зеленски.

Тој редовно известуваше за подготовката на планот, но даде неколку навестувања за неговата содржина, велејќи само дека тој има за цел да создаде услови прифатливи за Украина по повеќе од две и пол години војна во таа земја.

Ad image

-Целиот план се темели на брзите одлуки на нашите партнери. Планот се темели на одлуки што треба да се случат од октомври до декември, а не на одложување на овие процеси, рече Зеленски на заедничката прес-конференција со Фон дер Лајен.

Претседателката на ЕК денеска пристигна во Киев, каде со украинските претставници  разговара за европската поддршка, подготвеноста на Украина за одбрана во текот на зимата и напредокот во врска со заемите од Г7.

Таа вчера во Брисел соопшти дека ЕК дополнително ќе одвои околу 160 милиони евра за помош на енергетскиот систем на Украина, што вклучува 60 милиони за хуманитарни потреби и 100 милиони за поправки и реставрација.

Од Сашко Димевски/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Македонски филмови
Гледајте македонски филмови на едно место.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Словенија се противи на членството во Трамповиот комитет за мир

Лавров: Русија ќе продолжи да ги напаѓа објектите што ги користи украинската армија

Во Србија почнуваат консултациите за формирање нова влада

Трагедија во Алпите: Американец загина при искачување на Триглав

Њујорк тајмс: Контролната кула за воздушниот сообраќај на Реган наводно била недоволно екипирана

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Трамп го прогласи глобалниот даночен договор на ОЕЦД за неважечки во САД

Балкан

Продажбата на билети за Експо започнува на 15 мај – 132 земји потврдиле учество

Свет

Кина не дозволува менување на историјата на Втората светска војна

Столтенберг: Светот стана поопасен, но НАТО стана посилен

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?