Лима, 12 јули 2024 (МИА) – Земјотрес со интензитет од 5,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди јужниот брег на Перу, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт.
Земјотресот се случил на длабочина од 68 километри и на околу 200 километри југоисточно од градот Ица.
Засега нема информации за повредени или евентуална материјална штета.
Од Рената Пепељугоска/МИА