Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Здравје

Зошто некои луѓе речиси никогаш не се разболуваат?

Сподели

Лос Анџелес, 4 јyни 2024 (МИА) – Урбаната легенда говори за луѓе кои никогаш не се разболуваат… Настинките, се чини, „ги заобиколуваат“, грипот не им може ништо и се однесуваат како „суперлуѓе“ со неверојатно силен имунитет. Која е нивната тајна?

За време на променливото време т.е. покачувањата и падовите на температурата, корисно е потсетувањето на некои трикови за „будење“ на имунитетот. Истражувањата покажуваат дека тоа се навиките што ги држат вирусите подалеку.

Порано одење в кревет

- Advertisement -

Луѓето кои спијат осум часа навечер имаат помали шанси да се заразат со вирус, во споредба со оние кои спијат седум часа или помалку, велат стручањаците. Телото ноќе се обновува и ги урамнотежува хормоните на стрес, што го прави човекот помалку подложен на разни инфекции.

Зелен чај

- Advertisement -
Банер

Научен труд спроведен во САД посочува дека луѓето кои пијат зелен или црн чај во текот на денот создаваат трипати повеќе интерферон – моќен протеин којшто ги уништува вирусите. Зелениот чај, како една од намирниците најбогати со антиоксиданси, е познат и по многу други здравствени придобивки.

Јадење „шарена“ храна

Ако се јаде храна во различни бои, со сите потребни антиоксиданси, тоа ќе му помогне на телото да се одбрани од вируси. Во таа смисла се препорачува разновидно овошје и зеленчук, како тиква, компир, морков, зелен лиснат зеленчук, бобинки, портокал, кисела зелка, пиперки, како и бадеми и други јаткасти плодови.

Пробиотици

Полезните бактерии во цревата се важни за имунитетот. Ако индивидуално не се претпочитаат додатоци што содржат пробиотици, советот вели: Повеќе ферментирана храна, на пр. кисело млеко, јогурт или кисела зелка.

Недопирање на лицето

Триењето очи, нос и чепкањето на устата со рацете ја зголемува опасноста од вирусни зарази на дишните органи. Одвикнувањето од сѐ тоа го намалува ризикот за 41 отсто, покажуваат истражувањата. Совет: Редовно миење раце и, за време на сезоната на грип – плакнење на носот и грлото со раствор од морска сол во топла вода за да се исчистат насобраните честички.

Од Слободан Иванов Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Колку вода треба да пиеш?
Калкулатор за количината на вода што треба да ја конзумираш.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Лесните вежби пред спиење го продолжуваат и подобруваат сонот

Верувале или не: И мажите имаат биолошки часовник!

Во Шпанија откриен нов вирус кој го пренесуваат комарците

Напиток од портокал, ѓумбир и морков за младешка кожа

Како физичката активност го подобрува нашиот мозок?

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Здравје

Откријте ги најздравите зимски зеленчуци кои мора да бидат на вашиот мени!

Здравје

Природни извори на витамин Б: Како да го подобриме нашето здравје со правилна исхрана

Трагична судбина на млада жена поради популарен лек

Здравје

Октомври – Месец на свеста за рак на дојките: Кога промените на дојките бараат внимание?

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?