Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македониум

106 години од раѓањето на една од најхрабрите жени во македонската историја

Сподели

На денешен ден 1920 година во Прилеп се родила Вера Циривири – Трена, македонска партизанка, учесничка во НОБ.

На 15 години, поради болест оди на лекување во Белград и токму таму започнува нејзината политичката кариера. Во тоа време, шивачкиот дуќан на Коста Циривири, нејзиниот татко, во Белград било познато свратилиште на револуционери, уметници, поети и студенти од Македонија, меѓу кои најредовни посетители биле: Мирче Ацев, Страшо Пинџур, Борка Талески, Кузман Јосифоски-Питу, Кочо Рацин и други, кои имале големо влијание во нејзините политички убедувања.

Вера во тоа време иако многу млада, учествувала во студентските протести. Во периодот додека живеела во Белград, Вера со мајка ѝ многу често патувале до Прилеп и назад. На тие патувања, всушност, тие од Белград носеле материјали, летоци и сè што било потребно за формирање месни комитети.

- Advertisement -

Во 1940 година станала член на Комунистичката партија на Југославија, а истата година на Илинден, таа била еден од организаторите на манифестацијата, која по повод националниот празник ја организирале младите македонски патриоти.

За време на окупацијата Вера Циривири била меѓу првите што се приклучува во НОБ. Таа важела за многу добар инструктор со одлични организаторски способности, па поради тоа партијата постојано и доверувала задачи да отвора месни комитети и да испраќа борци на фронтот. Во повеќе места Вера се претставувала како Трена, некаде како Светлана, некаде како Ленче. Бугарските окупаторски власти давале 20.000 лева за да ја фатат жива. По партиска задача заминала за Штип, каде што во ноќта на 15 јули 1944 година, од бугарската полиција била блокирана куќата во која се наоѓала. Вера боса почнала да бега кон соседните куќи, но никој не и одговорил на молбите да се скрие.

Во моментот кога го прескокнувала ѕидот на оградата од некоја куќа, паднала погодена од полициските агенти, кои ја гонеле. За да не се предаде жива во рацете на непријателот, Вера се самоубила. Вера Циривири-Трена до денес не е прогласена за народен херој.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за електрична енергија
Пресметај колкав износ за електрична енергија ќе платиш според потрошувачка.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Ја напиша првата македонска граматика – 115 години од раѓањето на Круме Кепески

Сведоштво на Глигоров за Методија Андонов Ченто (ВИДЕО)

101 години од раѓањето на Ацо Шопов – основоположник на современата македонска поезија

Ѕверски избоден со бајонети – 81 година од убиството на Ацо Караманов

Жив го закопале, го откопале па исекле на парчиња – на денешен ден ѕверски убиен Благој Страчковски

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Македониум

Трио Мајовци – Мијачко право оро од 1966 година

Македониум

Роден на денешен ден: Славчо Стојменски – Народен херој на Југославија

Македониум

Русите со статија за Александар Македонски – ниту еднаш не се споменува Грција

Македониум

Палежот на Скопје – трагедија што го избриша најголемиот трговски град на Балканот

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?